Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Големиот

Мега трејлер со сите за кои што сме навивале, против сите што не се од наша. На крај победуваме.

Should I Spray or Should I Go

Ова е човек официјално испратен од градските служби да префарба еден графит на ѕид во Лондон. За него сосема рутинска работа, но, да ѕирнете што осамнало на ѕидот утредента.

Прекрасниот празен Париз

Има и Афелова кула и шеталиште со дрворед и излози и бистроа. И сè е фино во овој Париз само што тоа не е Париз. И жив петел нема.

Лице в лице со Карл Јунг

Работно витален и на свои 84 години, легендарниот швајцарски психијатар и теоретичар Карл Јунг зборува за религијата, образованието, свеста и совеста и својот лав/хејт однос со конкурентот Зигмунт Фројд. Би Би Си, 1959-та.

Електрификација на точаците

Во суштина бицикл е бицикл затоа што нема мотор. Да имаше мотор, ќе беше моторцикл. За сите оние на кои не им пречат ваквите јазични детали, тука е Руби, едно мало кутивче кое секој велосипед го претвора во електрично возило.

Луи Ц.К. за човечката природа

Како сите големи успеси на човештвото доаѓаат од нашата подготвеност да жртвуваме некој друг за сметка нашата лагодност.

Во кој порнич глумел вашиот мебел од Икеа?

Во порно индустријата има доволно Икеа мебел за да може да почне да се полни цел Тамблр блог. Тврдата порнографија на блогот е проследена со корпоративно прецизно поставени цени и имиња на производите.

Jackass: Bad Grandpa

Трејлер за новиот Џекес и новиот Џони Ноксвил, или замислете филм со човек што е половина Џони Ноксвил, половина Борат.

Звукот на Хонда

Хонда прави римејк на возењето на Аиртон Сена на патеката Сузука во 1989-та. Целиот римејк е со звучници и светло, по должина на целата патека.

Стани пилот со клик

Најблиското искуство што ќе го имате со влегување во пилотска кабина на воен авион (зад вистинско влегување или возење на некоја од симулатор игриците). Сликиве ќе направат да имате новосоздадена почит кон пилотите. Барем на поновите авиони.

Бебето што кажа не на малтретирањето

Мал бебуш немилосрдно малтретиран од таткото пред очите на својата мајка. После некое време на кутрото девојче му доаѓа преку глава и решава да се спротистави на изживувањето.

Пасошките фотографии на славните

Фотографиите за пасош се најдемократскиот начин на портретирање што некогаш е создаден. Сите се пред истиот објектив и за сите важат истите правила: гледај право и без правење фаци.

6-те гитари на Марк Нофлер

Се лепел по излози и зјапал во електричните гитари. Ги душкал каталозите на Фендер. Откако го измолил својот татко да му ја купи првата гитара (Хефнер, за 50 фунти), немал храброст дa му каже дека за неа треба и појачало. Документарец, 43 минути.

 

Маркетинг менструација

Не сме најупатени во оваа проблематика, ама, мора да постои подобар начин да се рекламираат женски тампони. Еве не знам.

Порно секс vs. секс

Како порно сексот е различен од сексот во вистински живот, целата расправа објаснета со храна и кујнски помагала.

"За Београд", 33 години подоцна

Во 1980-та година, браќата Миодраг и Ненад Костиќ влегоа во разницата на културното наследство на екс-ју просторите пеејќи ја легендарната песна од филмот на Слободан Шијан, Кој тоа таму пее. 33 години подоцна, на филмскиот фестивал во Мотовун.

Што не кажаа медиумите

Американската десница тврди дека главните медиуми испуштиле доста битни работи во портретирањето на ликовите во случајот Мартин - Зимерман. Да потсетиме, судот го ослободи убиецот но јавноста застана на нозе против пресудата која се толкуваше како остаток од расната дискриминација.

Ја свири, ја топе

Кратка видео снимка од една венчавка во која нема да ве занима ни невестата ни младоженецот туку цело време ќе чекате да го видите криминалецот кој седи зад оргуљите.

Ова е вистински настан

Снимка од 90-те од акција на Јужно-африканските специјалци за спречување вооружен грабеж. Некаде после средина почнува холивудска акциона сцена.

Пазете се од жени со бебиња

Од секојдневието на еден човек кого искуството го научило никогаш да не им верува на жени со бебиња. Конкретнава, не само што лесно ја изгуби главата на своето чедо туку на крај го обвини и партнерот затоа што не можат ни пристојна носилка за бебиња да имаат. Но, барем насмевката ја нема изгубено.

Џек пот

Ако во несреќен случај изгубите една своја рака (ви ја одгризе лав,  ве стигне шеријатска правда и сл), отсега имате една секирација помалку во врска со својата нова телесна конфигурација. 

Старост исполнета со пиксели

Приказна за 97 годишниот Хал Ласко, поранешен графички работник и типограф. Пред 15-тина години почнува да го губи видот. Волјата за живот му ја враќа неочекуван ангел - програмот Пеинт на Мајкрософт. Оттогаш, 10 часови на ден, пиксел по пиксел, дедото си ја полни смислата на своите старечки денови.

Хаус, концентрирана верзија

Доктор Хаус траеше 8 сезони или 177 епизоди. Еве ја целата серија сведена во 7 минути и 41 секунда, главната приказна околу Хаус, без делот со работата и дијагнозите.