Should I Spray or Should I Go

Ова е човек официјално испратен од градските служби да префарба еден графит на ѕид во Лондон. За него сосема рутинска работа, но, да ѕирнете што осамнало на ѕидот утредента.

Графитите на тема 'Bad Kitty' се дело на графит уметникот познат како DC.

"Не жалам кога ми фарбаат графит, знам дека е таква играта, но ова ме налути бидејќи чистачот дојде само 8 часови откако го нацртав", изјави DC кој го начекал комуналецот пред своето дело, го фотографирал па решил да го овековечи.

Месец дена подоцна, портретот сè уште стои на ѕидот.

2 август 2013 - 21:34