Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Американската Маца Дискреција

Иако е за пофалба и оној кому на прашањето "Која е најимпресивната работа што сте ја направиле некогаш?" му текна на хамбургер а не е лоша ни девојката која тврди дека го минала океанот со моторцикл (воден моторцикл!), ја издвојуваме цурата која го издвои своето постигнување дека го варала дечкото а тој не дознал. Го правела тоа со познат спортист... чие име нејќе да го открива....ама има иницијали Ти Џеј... и игра хокеј... за Тампа Беј. 

Мајкрософт оди на тврдо

Компанијата само што ги шокираше речиси сите обелоденувајќи го Surface Book, нивниот прв лап-топ. Ѕирнете го она што Мајкрософт го претставува како најбрзиот 13 инчен лаптот кој некогаш е направен.

Напнато видео на денот

Три минути, касап и машина за сечење месо. Машината знае дека е брза, а дечкото сака да се покаже дека е брз. Вашите палци никогаш не биле повознемирени.

Генерација "Y Not"

Четворица другари, при крај или тазе завршени со студирање, решаваат во рок од еден месец да направат 30 работи што никогаш претходно не ги направиле, чисто за да покажат дека можат да ги направат (и затоа што баш не се воодушевени од изборот што го имаат после завршување факултет). Си проаѓаат фантастично.

Навивачите како јазично богатство на еден народ

Затоа што на ниту еден доктор или магистер по филологија, книжевност и слично, едноставно нема капацитет да ти се закани со - да сум крокодил, главата би ти ја одгризал.

Екстерното некогаш

Инсерт од филмот Кудуз на Адемир Кеновиќ (бујрум торент за сркање) во кој главниот лик, 37 годишниот Беќир Кудуз пред комисија полага за да ги заврши петто и шесто заедно. Освен малата слабост со Фоча, за сè другото покажа особен интерес и успех.

Уснија и приказната за крчмата Џерима

Асоцијацијата пак на скопјанката Уснија е песната која беше неофицијална химна за сите "певаљки" - онаа за нишката "Џерима". Уснија беше онаа на која и се оствари "американскиот сон" и од кафеанското милје и масите со коцкести чаршафи влезе во белградскиот "круг на двојката". Газдата на "Џерима", некогашен нишки милионер Раде Живковиќ наречен Џерима (а не Џеримо, по легендарниот поглавица на Апачите!), кој сепак и во најдобрите денови возел "половен дизел мерцедес на гас" деновиве продава пиперки на зелените пазари и говори за своите славни денови.

Хрватски остров среде Темза

Хрватскиот туризам реши стариот добар слоган "Медитеранот каков што некогаш беше", после 15 години да го смени со нов "Хрватска, полна живот". За англиската промоција на новиот комуникациски концепт, Хрватите потрошија 425.000 фунти создавајќи реплика на хрватски остров со нивни културни обележја кој пловеше по Темза.

Фотографии од порно бекстејџот

Една француска фотографка цели 4 години ги следела случувањата зад сцените на снимањето порно филмови. Греота да не се проследи толкав труд, нели?

Младиве не се трпат

Со должната еуфорија околу настанот, Бил Нај објаснува зошто е до срж возбуден околу тоа што има траги од течна вода на Марс. Карши него дечко и девојка, комичари, со игнорантна ароганција која може да потекнува само од исклучително многу необразование, му објаснуваат на Нај дека во основа ги заболе што некој некаде открил вода - ако водата е од солзите на Кетлин Џенер збори ми цел ден, вака само замараш.

Соко пао

Оној кој прв го смислил епитетот "око соколово", крај себе сигурно го немаl овој примерок на сокол. Истиот примерок, за жал, веќе никој не може да го има. Од друга страна, интересна е можноста оној опеан сокол кој пиел вода на Вардарот, да мислел дека пие од Дунав. 

Кога си мал а глуп

Да ги провериме тригерите на нашата емпатија. Би требало да ни падне жал за мал дечко кој добива ќотек од поголем и посилен од него. Така?

Том Вејтс за смеењето на погреби

Никаде не се смеам онака како што тоа го правам на места на кои не треба да се смеам, вели Том Вејтс, човекот во чија чест Њујорк Тајмс еднаш ја напиша следнава убер-барокна реченица:  "gang of overlapping personas, a bunch of derelict philosopher-kings who rasp out romantic metaphors between wisecracks," inhabiting "a seedy urban world of pawnshops and tattoos, of cigarette butts and polyester and triple-X movies." Ух. Понатам е полесно.

Првиот ден на работа на Тревор Ноа

Откако Џон Стујарт стана кечер, некој мораше да седне и да ја продолжи неговата работа на Дејли шоу. Ова се првите видеа од премиерата на Ноа како водител на шоуто.

Сите награди се глупи

Џери Сајнфелд многу подетално ќе ви објасни зошто, додека прима една награда. На тема скромност околу награди, комичарот Џек Бени на времето изјави: "Може не ја заслужувам наградава, ама имам и реума што исто така не ја заслужувам."

Скопски Thug life

Градот, улиците, луѓето и филмовите во нив. На пример денешниов.

Не бе, ти знаеш што правиш

Може новиве генерации се напредни, ама ова е надвор од секоја контрола.

Како да ослабеш во 4 лесни чекори

Советот е од човек кој во рок од една година има симнато 36 кила. Човекот не е професионален спортист или што било од таа бранша, туку едноставно човек што ослабел 36 кила. Целиот успех го сведува на 4 точки, кои ги споделува со сите нас.

Доцртување на Инстаграм

Лукас Левитан е бразилски илустратор кој има една од оние Ајфон апликации со кои можете да си доцртувате нешто на своите дигитални фотки. А бидејќи е добар, и самиот Левитан тоа го прави со инстаграм сликите кои му ги праќаат. А добар е.

Вакви ни требаат повеќе

Едно детенце на кое му падна жал за неговата спајдерменска роденденска пињата. Зошто вакви деца нема повеќе? Само слушнете ги возрасните како му се изнасмеаја на малиот.

Г-дин Робот и како сè е во ред

Прашањето е - што е тоа кај општеството што толку те разочарува? Откако сè што имаш ќе си извртиш во глава, одговорот е - ништо.

Како изгледа разбирачка во брак

Веројатно најсликовитата претстава на целото искуство на брак / долга врска, сумирано во неколку минути. За тие што не се во брак и не им е јасно како двајца луѓе не можат да се разберат, еве за да им стане појасно. Тие што се во брак, после видеово ќе расправаат кој ги носи слушалките, а кој е во лудачка кошула.