Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Најдобрата улична магија на светот

Ако на улица видите некој како се клати и со главата прави осмици, не го прогласувајте одма за луд или за жртва на лоши дроги. Можеби само не сте го виделе трикот од почеток.

Токио 2020, Олимпијада на иднината

Токио ко Токио, нормално дека ќе има роботи на Олимпијадата и тоа некако природно ти доаѓа, делот со пцуењето доаѓа кога ќе дознаеш дека Олимпијадата ќе се пренесува во 8К квалитет (како ХД-то докторе?), а до тогаш низ Токио треба да биде поставена 5Г мрежа за мобилен интернет.

Златен занает

Секој занает е златен, ама овој особено. 14 минутно видео за тоа како во Јапонија се изработуваат тенките (до проѕирност!) златни ливчиња кои се користат во архитектурата, уметноста па и во гастрономијата. Најрачно, најаналогно. 

Софтверот што може да направи видео копија од тебе, ама не и од Путин

Германски програмери развиваат софтвер на кој му треба веб-камера и 15-секунди од Јутјуб клип со тебе за да направат реалистична видео копија од тебе, која ќе каже и ќе прави се што тие ќе и наредат. До сега успеале да направат копија од сите, освен од Путин.

Размислување во различни правци

Кога дете ќе си ја заглави главата меѓу решетки а татко му не може да му помогне. Па ќе мора да си помогне сам. 

За плацебо ефектот

Ова би било крајно смешно видео околу тоа како можеш да прелажеш пациенти со вода и шеќер, кога не би ти текнало дека има цела гранка на алтернативна медицина која е мега-успешна во својата убедливост и која се базира на вода и болест.

Пресели се

Ти решен за селење, они решени да те преселат некаде. Нема да ти креваат каучи туку ќе ти најдат кој град најмногу ти одговара. Има основни податоци за секој град, за квалитет и цена на живеење, како да стигнеш до таму и причини зошто да одиш таму. Некој странец ќе го најде и Скопје.

Руски нанотехнологии

Парче улица кое треба да биде закрпено. 2 метра на 4 метра, отприлика. Во други земји би домкнале тешка механизација, ваљаци, маљаци. Но почему, кога може тоа и поинаку, некако почовечно.

Која е вашата песна за трчање?

Освен сериозните филозофски резерви кои ги предизвикува (од типот: чему тоа?), трчањето во себе има една вградена фабричка мана - што е досадно. Освен ако не трчате по топка или не бегате од лав. Викаат, музиката помагала и околу досадата и околу постигнувањето подобри резултати. И ете сега постои сервис кој ќе ви помогне да ја одберете вистинската песна додека трчате.

Сите луѓе не се исти

Таа крилатица дека сите луѓе се исти паѓа во вода кога во равенката ќе ставите Јапонци. Овојпат, претставник на останатото човештво се Мексиканците. Како се фаќа метро во Јапонија а како во Мексико?

Најамериканска ситуација со најруско решение

Најамериканската ситуација е: кутро маче се качило високо на дрво па му е страв да се симне. Најруското решение ќе го видите сами.

Најважната објава на кампањата на Трамп

Видеото кое сериозно ќе ги промени работите во американската политика, и кое не е, не е, не е, бескрајно не е прво-априлска шега. Освен кога е.

Не е само каменот што од блиску доаѓа

Ако денов ви е тргнат на лошо, пуштете си го видеото, тек да видите дека секогаш може полошо.

Како се прават White Walkers?

Најголемата фуфка и за човештвото во Вестерос и за гледачите на Игра на тронови. Тимска работа од 4 недели за да се направи шасијата, па 6 часа да се монтира на човек па 10 часа снимање со Белиот јавач за поправки и одржување на маската. А какви грдотии од луѓе има по светов, можело тоа и полесно да помине.

Бам Маргера, екстремен алкохолизам

Го памтиме најмногу по Џекес а беше и професионален скејтер, каскадер, музичар, актер, филмаџија.... Но, не сме го виделе доволно за да знаеме колку Бам во меѓувреме се има распаднато.

Како изгледа носечки ѕид во нова зграда

Да не јадеме бабури и да не кобиме, ама со оглед на темпото со кое овде се градеше и општиот јавашлук со квалитетот и контрола на квалитетот, хмм....

Рамбо собира пари за соларен брод

"Едрењето не е снобовско заебавање со прескапи бродови и чаталење пред сиромаштијата која се брчка во морето", вели Рамбо Амадеус кој на Indiegogo собира донации за супер идеја: реставрација на еден стар и насукан брод и правење од него соларна едрилица. И, му оди добро.

Како Фиби го "растури" Рос за еволуцијата

Фина илустрација за она што го пренесовме во извонредниот текст "Како 'Friends' ја иницираа пропаста на западната цивилизација". Пар сцени од самата серија, меѓу оној што се измачува со својот интелект и онаа што ужива дека е таралајка. На тема еволуција, Фиби, како репрезентативен претставник на сите кафански полемичари на светов, перолесно го растура оној што нешто знае на темата. Просто, непобедливи се таквите.

Можела кампања и без крв да помине

Како се прави кампања за опасностите од користење телефон додека се вози? Крв, летање преку шофершајбна, крв, каење, солзи, крв. А може и поинаку.

Фризурата како културна кражба

Сцена од еден универзитет во Сан Франциско во која на бел студент со дредлокси не му даваат да помине затоа што "нејќеле луѓе со таква фризура". Зошто не? Затоа што белец со суканки правел "кражба на египетското културно наследство". Значи ова грчкиов ген насекаде го има. 

Која реалност е пореална?

Имаме случај во кој старата и олд-скул реалност (физика, гравитација, њутнови закони. закони на дијафрагмата) е само помошник на виртуелната реалност, односно служи само како нејзино појачало. Значи, дечки се качуваат на вистински ролер-костер, ама со онакви на глава.

Сакај го сопатникот свој

Љубов е кога другиот го ставаш на прво место, или на кое и да ти е место одговарањето на пораки додека возиш, епа едно пред тоа. Види како мило ве замолуваат.