Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Не барај љубовни совети од техничка поддршка

Легендата вели дека сосема нормална девојка со секојдневни проблеми од типот љубов и тазе маж кој не ги исполнува очекувањата, решила да им ги довери на дечки од техничка поддршка, на нивен јазик. Се разбира, ѝ одговориле на истиот јазик.

Разликата меѓу произведено во Кина и произведено во Германија

Првиот лагер е кинескиот, вториот што го тестира е германски. Кинескиот чини една триестина од цената на германскиот. Нормално секогаш постои можност првиот да е подмачкан, а вториот не, а постои можност и дека стварно е до квалитетот.

Реакциите за новото лого на Инстаграм

На некои автоматски им се направи апдејт, некои слушнаа муабети па направија апдејт, ама на сите не им се верува и не можат да се помират со тоа што им се појави на мобилниот.

Зошто летањето со авион е скапо?

Ако ферски ги поделат трошоците за гориво, патниците на еден лет од Њујорк  до Вашингтон би требало да платат само по 2,50 долари од човек. Зошто тогаш авионските карти се онолку изгор?

10 години од најлегендарното интервју на BBC

Човеков пред едно 10 години оди на интервју за работа. Во чекалната доаѓа девојкава и го вика Гај на интервју. Интервјуто започнува и на Гај му станува јасно дека е погрешниот Гај и дека интервјуто оди живо на вести. Не само што се снаоѓа, туку го предвидува начинот на кој ќе се слуша музика деновиве. Гај Гома, легендата на БиБиСи.

Кој го пушти, тој да си го собере

За повеќето бродови, проблемите завршуваат кога ќе се сместат во пристаниште и им останува само уште да го пуштат сидрото. Не и за овој брод.

Капетаните на Европа

На Холивуд му е лесно да направи блокбастер од лик каков што е Капетан Америка. Но како би изгледала таа филмска франшиза во Европа?

Животот е поза

Некое младо манекенче (се вика Филип Димитриевиќ) успева да направи 25 пози за фотографирање за само 29 секунди. Застанува пред тебе и имаш чувство дека листаш каталог. Ако вака вежба на сец и додека оди во веце, јадна таа бешика.

Брак, најубавата работа што може да му се случи на човек

Целата работа од машка перспектива. На кратко, за тие што не се во брак и не знаат, едноставно треба да се подготват за живот исполнет со благослови, мераци, спокој и се што некогаш замислиле. Просто криво да ти е ако уште не си правел свадба.

Доволно е еден да зезне

Видео приказ на ситуацијата кога сме заглавени во сообраќај и не ни е јасно како е можно да заглавиме на отворен правец.

Брилијантниот Џон Оливер за звучните научни студии

Дури и угледниот Тајм имаше статија со наслов: "Смрдливите прдежи можат да спречат рак". Во студијата за која зборуваат не е ни приближно така, ама, насловот си бара атрактивност. Иако редакција подоцна прецизира и ја поправа грешката, уште долго време добиваат покани во емисии да зборуваат за прдежи. Ова е само мало парче од најдобрите 20 минути кои со кои можете да се почастите за да ја расчистите медиумската магла околу науката и срањето што некогаш се пакува како наука.

Кај сте, скинхеди?

Филхармонија, во полн состав, ја изведуваат Мамбо, од Бершнтајн (West Side Story). Ама, за сите пари! И да имало скинхеди, веројатно чучат уплашени по вецеата. Трк да ѕирнете како изгледа и звучи вистинска распаљотка.

Двоножни пријатели

Краткото филмче "Подарок" за кученцето инвалид има учествувано на преку 180 фестивали, има собрано 59 награди а авторот добил покана за работа во студијата за анимација на Дизни. Ќе го погледнете, ќе ви се бендиса и на крај ќе речете: Биваше ли бе ваков наслов да ставите?

Како да познаеш Балканци околу себе?

"Ако наидете на гласно смеење и го слушнете зборот 'политика', тие сме. Ние сакаме да пиеме ракија и да зборуваме за политика. Кога ќе се согласиме дека нашите влади не вредат за кавга, продолжуваме само со ракија".

Како се враќа белата во билијар?

Видео анализа на тоа како функционира масата за билијар; жетоните, важноста на матинелите, зошто топките паѓаат дури откако ќе ја пуштиш рачката па сè до интригантното прашање од насловот.

Остарени брејкденсери

Стварно, како изгледа брејкденсер кога ќе остари? Тоа е темата на ова видео во кое се најдени учесниците на едно брејкденс шоу одржано во 1986 во тогашниот Советски Сојуз. Денес на свои 40 и 50 години живот. Старките уште мрдаат.

Не барај предлози од интернетчии

Девојка со електрична гитара во рака и исламска шамија на глава, на интернет побарала предлози за името на нејзиниот бенд. Ох, колку погрешно!

Животот на Смртта

Старински, тоест рачно анимирана приказна за Смртта која се вљубува во Животот. А како што знаете од песните, сите љубови се тажни.

Работи што не влегоа во Дедпул

Алтернативни сцени, реплики, блупери и слични моменти што не се квалификуваа во конечната верзија на филмот, ама завршија во ДВД изданието.

Девојката со дух и Ченинг Тејтум

Карли Флешман е аутистична и не комуницира вербално, што значи дека претежно овие работи ги врши преку куцање и пишување, односно преку таблет. Карли седнува на интервју со Тејтум.

Стриптизерска жетва

Работа ко работа, стануваш во 5 поладне, гледаш да завршиш што имаш работа и во 22 да се нацрташ во стриптиз клуб, па таму скоро до сабајле на шипка. Пред одење дома, обавезно броење пари и по некое селфи со прометот од твојата смена.

'Слободарската' на Едо и Култур Шок

Едо Маајка и Џино од Култур Шок деновиве објавија една современа првомајска корачница под име "Слобода" со еден моќен текст од кој се подголтнува горчина кога ќе резимира човек "што мислевме, што излезе." Бујрум народе на мало шамарање - џабе.

Мајлс Дејвис за Принц

Мајлс Дејвис: "Принц е Џемс Браун, Марвин Геј, Џими Хендрикс и Чарли Чаплин - заедно". А има и бонус.

Најдобро е да си глуп и убав

- Како би сакале да умрете?
- Со пиво во рака. Смртта да ми пријде на шанк и да ми каже "Тоа, лаву!"