Упатство за странци:

Како да познаеш Балканци околу себе?

"Ако наидете на гласно смеење и го слушнете зборот 'политика', тие сме. Ние сакаме да пиеме ракија и да зборуваме за политика. Кога ќе се согласиме дека нашите влади не вредат за кавга, продолжуваме само со ракија".

БАЛКАНЦИТЕ СЕ ПЕКОЛНО ГЛАСНИ

Ако се наоѓате на улица и наидете на гласна група луѓе, не плашете се, тоа се само Балканци во спонтана конверзација. Дури и кога е тивко, ние зборуваме гласно. Имаме обичај сите да зборуваме во исто време па кога има повеќе од двајца луѓе, очекувајте да почне балканска кавга. Не, не се караме ние стварно, само сакаме да бидеме слушнати. И разбрани. И...ок, ние само не сме навикнати да ни е гајле што другите мислат за нас... Сè додека некој не помисли да нè критикува.

САКААТ ДА СЕ ПРЕЈАДУВААТ

Ние сакаме да јадеме. Многу. Не, не се срамиме од тоа. Да, ние сме гурмани и тоа од оние агресивните - кога ќе видиме храна, ја напаѓаме како Викинзи. Затоа, ако во хотел видите група луѓе кои трпеливо чекаат да стигнат до храната, знајте дека оние луѓе пред нив се Балканци кои трпаат храна.

ТЕМПЕРАМЕНТНИ СЕ ВО ЈАВНОСТ

Замислете дека сте на плажа, се сончате или уживате под сенка и мислите дека ништо не може да ви го прекине рајот. Одеднаш слушате детски врисок веднаш придружен од глас на возрасен. Црвено светло! Се шалам, тоа е само некое наше дете кое си игра наоколу а мајка му трча по него (а вреска затоа што е 100 метри зад него и нема шанси да го стигне). Не грижете се, тоа е вообиачена ситуација... Барем за нас.

СЛОВЕНИТЕ ИССЕЛЕНИЦИ СЕ ЗДРУЖУВААТ ВО КЛАНОВИ

Кога Балканци ќе се сретнат во странска земја, инстантно стануваат пријатели и договараат балкански забави. И вие сте поканети - се додека сте подготвени да слушате балканска музика, да пиете ракија и вино, да играте аналогни игри (кои исто така се поврзани со пиење) и да ве  гушка кој стигне после втората чашка ракија. Бидете сигурни дека сте меѓу Балканци ако слушате дека секој секого го нарекува "брат".

СЕМЕЈСТВОТО НА ПРВО МЕСТО!

Ако имате нов познаник или пак турист кој ве прашал за насоки, и додека му ги објаснувате, истиот ве прекинува со зборовите: "Извини, телефонот ми ѕвони, мора да е мајка ми", бидете 200 посто сигурни дека тој е од Балканот. Колку и да сме стари, нашите мајки задолжително ќе не побараат да нè прашаат дали сме добро бидејќи на вести слушнале за некој земјотрес... во Јапонија...пред три дена. Па што, нејзе не ѝ треба оправдување да си го слушне детето.

ХРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ

Ако сте на аеродром и чекате заради безбедносна проверка на некои пред вас, големи се шансите дека се тоа туристи од Балканот. И си мислите: "Ох боже, што ли кријат, оружје, дрога?" Хаха, не. Ние имаме обичај да носиме "мали" пакетчиња храна за нашите пријатели и роднини, кои едвај чекаат да видат што им носиме: пар тегли ајвар, сирење, домашни колачи, турско кафе и... хмм, тоа би било сè.

Ана Т.

8 мај 2016 - 12:00