Драга техничка поддршко,
Минатата година го апгрејдирав Boyfriend 5.0 во Husband 1.0 и забележав очигледно забавување во општиот перформанс на системот, посебно во апликациите цвеќе и накит кои функционираа беспрекорно кога бев на Boyfriend 5.0.
Дополнително, Husband 1.0 ми деинсталираше многу други корисни програми какви што беа Romance 9.5 и Personal Attention 6.5, и потоа сам инсталираше непосакувани програмчиња како NBA 5.0, NFL 3.0 и Golf Clubs 4.1.
Веќе не ми функционираше Conversation 8.0 а House cleaning 2.6 го крши целиот систем. Сакам да знает дека пробав со Nagging 5.3 мислејќи дека тој ќе ги среди проблемите, но ништо од тоа.
Што да правам?
потпис,
Очајна
Драга Очајна,
Како прво, имајте на ум дека Boyfriend 5.0 е еntertainment пакет а Husband 1.0 е оперативен систем. Ве молиме впишете ја командата:
I thought you loved me.html
и потоа даунлодирајте Tears 6.2 а не заборавајте да инсталирате и апдејт за Guilt 3.0. Ако таа апликација проработи како што треба, Husband 1.0 би требало автоматски да ги покрене апликациите Jewelry 2.0 и Flowers 3.5.Меѓутоа, запомнете дека пречестото користење на таа апликација може да го сетира дифолтот на Husband 1.0 на Grumpy Silence 2.5, Happy Hour 7.0 или Beer 6.1. А треба да знаете дека Beer 6.1 автоматски го даунлодира Farting и бета верзијата на Snoring Loudly.
Во секој случај, што и да решите да направите, НИКАКО, под никакви услови немојте да инсталирате Mother-In-Law 1.0 бидејќи во позадина носи вирус кој ќе ја преземе контролата на сите ваши ресурси од системот.
Се разбира, не се обидувајте повторно да го инсталирате Boyfriend 5.0 бидејќи неподдржаните програми ќе го скршат Husband 1.0.
Сè на сè, Husband 1.0 е одличен програм но поседува лимитирана меморија и не може брзо да прифаќа нови апликации. Можеби треба да размислите да купите дополнителен софтвер кој ќе ги подобри неговите перформанси. Ви ги предлагаме Cooking 3.0 и Hot Lingerie 7.7.
Со среќа,
Техничката поддршка