Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Бескрупулозно искрен Инстаграм за родители

Профилот е Average Parent Problems (@averageparentproblems) и во зависност до кај сте на тема деца може да ви изгледа како "Денот на мрморецот," "Пророштво кое неизбежно ќе се оствари" и "Цела среќа што во мое време немаше Инстаграм".

Џонстујартјавление

Во длабочините на американската прерија Колбер успеа да го пронајде некогашниот водител на Дејли шоу, за да му ја соопшти информацијата околу тоа кој е републикански кандидат за претседател.

Повик за свесност околу дихидроген моноксид (ДХМО)

И покрај тоа што хемикалијата докажано е доволно силна за да предизвикува ерозија на природниот пејзаж, и неповратно успева да кородира голем број метали, таа упорно без никакви предупредувања се користи во секојдневната исхрана и општо во животот. Прво треба да си признаеме дека проблемот е далеку од решавање, меѓутоа тоа не значи дека не можеме да преземеме чекори за превенција и информирање.

Колку е жешко во Саудиска Арабија?

Видеото личи на наш човек кога се враќа дома од работа.

Воинот на брег

Во југоисточниот град Џингоу е подигнат споменик на легендарниот кинескиот воин Гуан Ју. Споменик од типот висок 58 метри (Воин на коњ сосе столбот е околу 25 метри), тежок 1320 тони, составен од 4.000 бронзени плочи, а во него има и музеј од 8.000 метри квадратни.

Багдад берберс клуб

50% мерак колку се добри, 50% трепет колку се брзи со тоа бричот. Без гајле никаде нема да згрешат (барем не на видеово).

Стратегија "игнор"

Работиш во дуќанче и влегува маскиран и вооружен крадец. Што правиш? а) му даваш сè што бара и да замине па нека го брка после полиција. б) пробуваш да го совладаш; в) не го ебеш два посто.

Боуви за секој алкос

Човеков налетува на алкос кој сред бел ден на улица игра на музика која само тој ја слуша. Човеков решава да му даде малку музичка позадина, му го пушта Боуви  и - го погаѓа!

Рос Кемп со Курдите во војната против ИСИС

Репортажа од Сирија или Ирак моментално е светиот грал меѓу новинарите и авторите на документарци. Врвот е ако можеш да влезеш меѓу ИСИС и да направиш репортажа од таму (а не можеш), на чекор од врвот е да бидеш примен од курдските сили кои на фронтовските линии против ИСИС, посебно во неодамна ослободените градови. Кемп на почетокот од годинава го почнува својот аџилак со Курдите.

Дејвид Гета и копчињата

Од настапот на познатиот диџеј на отворањето на Европското првенство во фудбал. Малку поинаку кажано.

Дечкото кој знае да размести Рубикова коцка

Се изнагледавме феноменални трикови и секогаш завршувавме со исти реакции: 'Не е можно... е како бе.... не ме заебевај...' Еден бе да погодевме!

Ах, златен Стокец

Чарлс Милер, кој денеска работи за Убер а е некогашен хакер во озлогласената НСА и првиот човек кој има откриено баг во MacBook Air, демонстрира што сè може да направи кога ќе  влезе во софтверот на една модерна кола: да ве отрие пуштајќи ви една те иста песна или да ве одведе до најблиската провалија. 

Мајки за естетско стишување на куклите

Хиперсексуалноста на куклите за девојчиња е еден од фронтовите на кои се судираат (дел од) родителите и индустријата за детски играчки. Две австралиски мајки, сакајќи нешто да направат околу ова, решаваат да им ја извадат шминката на куклите на нивните ќерки. Несакајќи започнуваат комплетно нов бизнис.

Упатство за жалење

План во шест точки за реагирање во случај на неочекуван терористички напад во голем европски град. Сте го виделе многу пати а штом толку долго опстојува, веројатно врши работа.

Веќе....

Веќе не трошам ни минута на оние кои лажат или сакаат да манипулираат. Решив веќе да не коегзистирам со претенциозноста, лицемерието, нечесноста и евтините пофалби.

Самата невеста

Тазе брачен пар договараат и уплаќаат меден месец во Грција. Затоа што се од Пакистан, им треба виза. Од непознати причини, таа добива виза, тој не добива виза. Од причини чисто несебични тој ја тера сама да оди на одмор, да се прошета и да ја види Грција. Тоа што е сама во Грција не ја спречува да го вклучи и сопругот во своите фотографии... некако...

80-ти, ерата пред здравиот разум

Експериментот чини 40 милиони долари, а негова намена била пренесување на исечени дрва од недостапни локации. Со капацитет од околу 25 тони, леталово би требало да предизвика револуција во индустријата за сечење дрва. Кога ова би успеало исто така би било и револуција во физиката и гравитацијата.

Блуз може и вака

Ако судите по нивниот изглед, ќе ги мислите за пијани фудбалски навивачи. А оно скроз различно. И добро.

Од кампањата против правото на глас за жени

Разгледниците се некаде од почетокот на 20-от век и периодот кога во САД во најголем ек е борбата на поборничките за право на глас на жените (сифражетки). Нормално, не биле баш сите со симпатии кон каузата.

На интернетот не може да му се верува

По она што можевме да го заклучиме од пребарувањето по архивата на сајтов, немаме паднато на ни едно од овие видеа (најверојатно). Видеа од типот мечка брка сноубордер, Гопро паѓа од авион и функционира и сл. Сите видеа пуштени како реална снимка, сите видеа монтажа на една австралиска компанија.

Булдожерот и неговото право

Градежна компанија се соочува со протест пред своите порти кои се блокирани со редица автомобили. Протестот се соочува со булдожер на градежната компанија.

Ако рекламите за кафе беа искрени

Старкава ќе каже едно чудно факти и научни откритија околу кафето и зависноста од него, кои без разлика колку страшно звучат нема никако да ве спречат утре денот да го започнете со шолја кафе.

Еден ден со Хафтор

Човекот има нова вотка и ова е реклама за неа. И подобро да ви се свиѓа рекламава, исто како и вотката.