Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Мајки на годината

Иако тесен избор, нас некако нè ќари: „Со маж ми зборувавме за развод, ама ниеден од нас не сака да ги земе децата.“

Лудиот Макс на голо

Снимките се комплација од тестови пред-продукција, зад сцените и неуредувани видеа од снимањето на Патот на бесот. Во ниту една од овие снимки нема ни допир од ЦГИ, сè е само камера и луѓе.

Како шанкер може да те „заколе“

Или како онојпат кога беше на одмор испи 12 џин-тоника за една вечер и не те фати. Сè е до морето бе? Не баш.

Милениумците ја „открија“ малата терца

Еден ист мотив се цепа низ поп-музиката на денешницава. Нејасно е дали ова е ефект на стадото или пак едни те исти професионални корпоративни автори си го тераат теркот што очигледно функционира добро. Ама, брате, не се трпи.

Југословенски преработки на западни хитови

Дупла и затоа што имаше многу добра музика и затоа што во некогашна Југославија не се препејуваа регионални ноубадис (како денес во Македонија) туку најкурентни имиња од Запад. Не дека во таа држава имаше недостаток од авторска музика туку колку да им правиме лиги на Бугари, Романци и останатиот источен јад кои не можеа да припарат до нормална музика а не па да ја обработуваат. Пуштај, уживај и плачи си во себе.

Холандска рекреативна програма

По изглед и звук, мислиш дека само што ќе се појави Рудолф и ќе направи некоја слаткарска перверзија по рецепт украден од шумски виленици. По содржина, двајца млади, дваесет и нешто, пробуваат и зборуваат за дроги. Не џаначки муабети, туку сериозна образовна дискусија за содржина на дрогите што планирате да ги зимате, што треба да пазите кај дрогата што ја купувате, какво дејство има на тебе, дозирање и слично инфо. Во оваа епизода на ред е екстази.

Ајфон 7: Што Џони Ајв дал, Џони Ајв може да го одземе

Преубавите, идилични видеа на технолошко блаженство од Епл никогаш нема да престанат да бидат најдобрата можна платформа за која било пародија на Епл.

Стара (Кимел) финта, нова (Ајфон) будала

Не му требаше многу на Џими Кимел да ја потегне старата добра финта: да натера луѓе да го рецензираат новиот Ајфон додека во рака всушност го држат својот стар телефон. Побрз, потенок, полесен....

Зошто кацигите не спречуваат потреси

Прво, возењето велосипед е водечката (спортска) причина за потреси на мозок кај деца. Второ, кацигите за велосипед не се направени и тестирани за тоа колку добро можат да заштитат од потрес на мозок, туку се направени и тестирани за тоа колку добро можат да заштита од фрактури на черепот (да не ја дупнете главата).

Пред компјутерските ефекти

Ова е тоа по што плачат филмаџиите кога зборат "сè е на компјутер правено". Фотографии од снимањето на "Драга, ги смалив децата" од 1989-та, време без компјутерски ефекти, и време со вистински мајстори за сценографија.

Најобратно од ИКЕА

И разликата во потрошеното време и разликата во крајниот резултат е како разликата меѓу брз хот-дог (со факинг пилешка виршла) и сарма (со часови нежно инкубирана во шпорет).

Седмица останува за плескавици

Најновиот Ајфон е разочарувачки скромен апгрејд и е грев што се поклопува со вистинскиот бренд Седмица. За да шиткаат поскапи слушалки, го извадиле џекот за слушалки, јака штикла (плус, тоа значи дека не можеш истовремено да слушаш музика и да го полниш). Но, веќе подолго време е јасно дека на ниво на хардвер не треба да се очекуваат битни промени. Затоа и се тепаат големите за содржини.

Футрола за таблет

Ние кога се фаќаме за даб, обично дрва се правиме. Овој се фати за даб (ок, два даба) и направи футрола за Ајпед. Кој за што учел.

Моментот кога пчела го претвори Беар Грилс во Бенедикт Камбербач

Абе не може ликот да му го смени, нормално дека гласот ќе му го смени. НЕ!

Пари, д некст џенерејшн

Австралија воведе нови банкноти, по кои ќе треба темелно да се апдејтува поделбата на пари од хартија и пари од метал, или да се воведе трета група, на пари од пластика.

Пиздец

Да ѕирнеме накратко што се случува на алтернативната сцена на Белорусија. ТТ-34 и спотот за нивната песна Пиздец. Обидите за споредба со овдешната сцена ќе ве фрлат во тежок сентиш.

9 од 1

Иако според правило 34 ако се потрудиме би нашле и порно клип што одговара на насловот, за сега ќе останеме на видео со 9 феноменални (не е ни нескромно, ни претерување) имитации на Џонатан Кајт (од 2 Broke girls). Го имаш Обама, Том Хенкс, Сет Роген, Трамп, Кристијан Бејл и тоа совршено добро.

Агонијата од испраќање њузлетер на погрешен комичар

Он ова го доживува како агонија заради маките да се тргне од некоја промотивна меил листа на некој синџир супермаркети, притоа ни најмалку не обрнувајќи внимание на страданијата на другата страна.

А ова се вестите во август

Не дека водителите на вести нешто посебно не пазат во август затоа што никој не ги гледа, или дека се нешто посебно внимателни во другите месеци, ама доволно време се пред камера за да им собереш компилација на глупости. А глупости ќе има.

Новиот туристички рај - Сирија

Надлежното сириско минстерство направило видео спот за промоција на туризмот во земјата. Сини мориња, песочни плажи, свежо зеленило.... има сè што треба освен оној мал детал, граѓанската војна од која со помош на странските спонзори таму се гине на ангро. Заебавајте се вие, ама ако стварно било евтино ко што викаат.... 

Каде е Господ после Аполо 8?

Ако нешто ја крши самобендисаноста околу креативноста и прогресивноста на твојата генерација тогаш тоа е репортажа од 1968, за која комунистички новинар на Радио-телевизија Белград станува од редакција, зема цела екипа и оди во Мрчајевци (да, селото што го дава Мирослав Илиќ) за сериозно да разговара со селаните на тема - слетувањето на Аполо 8 на Месечината, и како тоа влијае на нивното поимање на Господ и општо верата. Малнар со цела екипа на Вајс не би составиле ваква репортажа.

Те молам пак да расправаме за твои дилеми

Татко преполн со филозофски двојби, му го поставува на својот 2-годишен син „проблемот со количката“. По видеово филозофијата веќе не му проблем, сфати дека си има други проблеми. Што се однесува до малиот, изгледа како да ќе реши многу прашања во светот, само никој да не му брои луѓе.

8 чаши вода на ден

Треба да пиеш 8 чаши вода на ден. Не треба да пиеш 8 чаши вода на ден. Треба. Не треба. Треба и здраво е. Не треба и не е здраво. Треба! Не треба! Треба... Не, не треба...