Милениумците ја „открија“ малата терца

Еден ист мотив се цепа низ поп-музиката на денешницава. Нејасно е дали ова е ефект на стадото или пак едни те исти професионални корпоративни автори си го тераат теркот што очигледно функционира добро. Ама, брате, не се трпи.

Инаку, зналците велат дека во македонската народна музика мала терца со вториот тон снижен се користи минимално, што значи дека тие песни денес често се изведуваат поинаку отколку што си ги замислувале нивните непознати автори. Но другпат за тоа, кога со наши пријатели ќе најдеме време да се занимаваме со такви детали и интелектуални лезетлуци.

12 септември 2016 - 10:19