Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Да се разбуди пингпонгарот во вас

Компилацијава најдобри пинг-понг потези од годинава е толку добра што сме на раб да почнеме да размислуваме да не случајно ни се игра. П.С. Кој да знае дека пинг-понг има вака возбудени коментари.

400 илјади километри од Месечината

Ова е оддалеченоста меѓу Земјата и Месечината. Од локална, перспектива далечината е незамислива (обемот на Земјата на екваторот е околу 40.000 километри), од перспектива на Космосот оваа далечина е нешто како должина на еднодневна брада кај човек. НАСА права фотка да ни долови како изгледа нашиот комшилук од надвор.

Внукот на претседателот

Се вика Кулубусе Зума, внук е на јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, се бави со бизнис, можете да го најдете во Документите од Панама и слично. Но, за ова видео е доволно да сфатите дека кога одбирал што кола да купи, Кулубусе покажал дека е глуп колку што е тежок.

Хеј, чичо!

Нема тука ништо нејасно. Се работи за автентична уметничка интерпретација на една од најпознатите песни на Пинк Флојд во која артистот успева да утиња на сите полиња, и со текстот и со гласот и со тоа безвезното набадање по клавијатурата. Но, како и секоја друга вистинска уметност, доживувањето е неповторливо. 

Магија за луѓе што решиле да зачистат по дома

Ниту ќе ослабеш годинава, ниту ќе почнеш да вежбаш, ниту па помалку ќе пушиш или пиеш, ама па за тоа ова ти е добар почеток ако си решил дека дошло време да почнеш да чистиш и средуваш по дома. Основите се крајно лесни: ако е бигор, лупај алкохолен оцет; ако се садови, никогаш не ги оставај суви; ако е огледало / стакло чисти со весник; ако се валкани патики или чевли вади влажните марамици.

Зошто џедаите не ги бива

И првата и втората тројка филмови на Џорџ Лукас за Ѕвездени војни се вртат околу млади момчиња и нивниот пат кон станување мажи. И во двата случаја оваа еволуција требаше да се направи по основа на правилата на џедаите. И тоа е проблем.

Време е за руска пропаганда

Проминентниот фотограф пјотр Титаренко (има работено за Вог, Харперс Базар, Форбс), сликнал 12 руски хокејарки од седум тамошно клубови. Лесно ќе пролизгате низ галеријата.

Наводно решение за проблемот со возење во зима

Првите десетина минути од влегување во кола зимно време се чиста казна, по што следуваат неколку минути рај, и од тука до крај на возењето е пекол и потење и пцуење што толку си се наоблекол или па што си решил да намалиш температура како тоа да ќе ти помогне.

Како тоа имате кујна а го немате ова?

Конкуренцијата во светот на кујнските апарати и помагала е ужасно голема, но, за среќа, генијалноста сепак успева да се пробие. Го имаме шампионот, кој добил преку 1.000 рецензии со максимум број ѕвездички на Амазон. Сите одушевени од неговата основна функција а самите корисници дофрлуваат и нови функционалности кои ги откриле. 

Рокенрол, ни пол ни рок на траење

Ако не се држите до панкерската максима на Жељко Самарџиќ („не суди по амбалажи“), оваа сцена може да ви изгледа вака: Влегува баба во продавница за гитари. Добро, можеби не е баба - баба ама тазе пензионерка штотуку вратена од прослава на 8-ми март на жени од Охис. И, што прави таа во продавница за гитари? Па сигурно бара нешто за внучето....

Еднаш се живее

Доаѓате во хотел од 5 ѕвездички, ја разгледувате собата што сте ја платиле изгор скапо и си викате „вредеше“! Но што ако знаете дека освежувачките убруси за раце се навлажнети во тоалетот а чашите се испрани со истата четка со која се чистела веце шољата? Скриена камера од кинески Кемпински хотел.

Рециклирање улици

Откако им завршува употребливоста, градските власти на Сеул решаваат дека речиси еден километар поранешни улици (дигнати, на столбови), ќе бидат претворени во шеталиште - градина. Мандатот да им се позлати.

Се убивме од вишок опрема

Групно ловење риба на едно замрзнато езеро. За такво рибарење е потребна стандардна опрема (трска, мамци) и сврдло за да го пробиеш ледот. Овие двајцава го земале сето тоа, ама и плус шише.

„Брала мома капини“ стара јапонска песна

Сме виделе ние рокање, ама ова Јапонциве како ја подбраа „Брала мома капини“ ко преку Јутјуб да ќе им лепиме пари. И сред спот ги гледаш токискиве убер-хипстери (нема друго штом песнава и неколку слични ти се дел од репертоарот) како се нацртале на свадба сред Прилеп. Ова не се измислува.

Ама треба да ти текне

Ова веројатно никогаш нема да ти затреба, ниту на тебе, ниту на кого било што го познаваш. Ама пак не можеш а да не му се воодушевиш на тој што го смислил.

Сезона на подароци

Давањето подароци на блиските секогаш е убаво и за тебе и за нив. Исто така секогаш е убаво и тролањето на блиските, ама само за тебе. Сами си ја знаете публиката па решете со кого како ќе постапите.

Во шумата

Освен банкари, Срби со ќебапчилници и Турци со донери, Швајцарија да ти имала и дрвосечачи, и тоа швајцарски (горе-доле). Видеово е за нив.

Татковината најлесно се сака од далеку

Малку си пишман за тоа што си ја хејтал додека си бил дома, малку ти зафалува па почнуваш да си признаваш дека си бил престрог, а најмногу затоа што човек обично ги памти само добрите работи што му се случиле додека лошите ги чисти од меморија, па на крај добиваш напад на домољубие.

Далеку е просек

Мапа на Европа со тоа колку секоја земја треба да го зголеми или намали својот БДП за да стигне до просечниот европски БДП. Како да немавме доволно јадови до сега.

Кратка историја на салото

Не постои поомразен дел од нашето тело од салото. Луѓето го сметаат за грдо, непотребно и нездраво. А се работи за за еден комплексен орган, есенцијален за човечкиот живот исто како што е тоа срцето или дробовите. Краток документарец (20 мин) кој ќе ве натера да размислите дали одамна лустрираното сало не заслужува рехабилитација.

Тајландско ситно?

Малку од малку да ни беше јасно нешто околу клипов па да имаме од каде да почнеме, вака сме само на: концерт, публика, најверојатно „играње“ и Тајланд.

Најдоброто од американскиот Топ-шоп за годинава

Додека подзинати го гледате клипов многу е важно цело време да ви е во памет дека Џими Кимел и да сака не би му текнале овие работи, и дека сè ова се производи кои регуларно се продаваат (и некој ги купува).

Кога вестите ќе кикснат

Што сериозни, што од онакви ранобудни програми, што вклучувања во живо од терен, па до ТВ вести од типот дај да видиме што има на интернет и да коментираме. И ништо важно од сè ова, само киксовите наталожени од цела година.