Решетка.
РЕ-ШЕТ-КА.
Изумителскиот гениј замислил решетката да ја ставите на лавабо/мијалник и после врз неа да ставате мокри чаши со цел тие да се сушат, тоест цедат, тоест капат. Во конечната изведбата на производот баш така и е!
Единствената разлика меѓу оваа решетка и сите други решетки кои човештвото ги видело во последните милениуми е што се витка, тоест кога ќе решите да ја извадите, таа некаде нема да ви стои тенка туку завиткана како табак.
Луѓето не можат да престанат да се одушевуваат од овој гаџет кој им донел нов квалитет во нивните животи па споделуваат новооткриени функционалности: на пример дека не мора да се чаши туку дека и зеленчук се цеди, или дека ако ставиш врел леб на решетката, тој по некое време - ќе се олади!
Кошта само 24 долари ама нема шипинг за Македонија. А викаа дошол живот, ц, ц, ц