Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Да не заглавиш со женско во лифт

Дечкиве заглавуваат во лифт и едниов сфаќа дека ќе мора да повикаат некаква помош. Како тој го изговори несреќното „да повикаме помош“, ете ти ја неа од позади, со тоа сирената. Овој прилично се покаја за командата.

Лејди Гага се врати многу јако

Кога Лејди Гага последен пат објави поп/диско албум, Тејлор Свифт уште беше кантри пејачка а Били Ејлиш немаше запишано средно. А кога сите мислат дека ќе направи цик, таа прави цак. Кралицата на медиумското внимание се враќа на стариот терен за да покаже дека и натаму е алфа женка. Со спот снимен на Ајфон.

Репортери без граници, ама со филтри

Репортерот во него го тера да излезе надвор и во живо на Фејсбук да даде извештај и информации за снегот. Само што нема идеја дека филтрите во телефонот му се вклучени. Сакаме и ние вака да гледаме на вести.

Вака се прават квалификации за пратенички листи?

Кој колку далеку може да стигне ако се залепи за фотелја. Дисциплината бара решеност, одважност и верба дека колку и да е страшно, задникот ти е на сигурно. 

И да знаеш кај си тргнал, не знаеш кај ќе стасаш

Шарлот Обери била кинисана да фати лондонско метро за да се сретне со пријателка, кога новинар со микрофон во рака ја подзапира и ја предизвикува да ја продолжи песната „Shallow“ на Гага и Купер. Шеесет милиони Јутјуб прегледи подоцна....

Момент на вистината

Секое другарство со тек на време доаѓа до точка кога треба на другиот да му плеснеш во фаца нешто што до тогаш се премолчувало. Па ако и после тоа останете другари сè е ќар.

Фантастичните лаги на „хаковите“ за храна

Откако прво алармираа луѓе што сериозно изучуваат и се занимаваат со готвење, сега и Би-би-си се вклучи во целиот лов и разоткривање на лагите што се сервираат во овие совршено убави видеа. И Би-би-си имаат сериозен мотив за тоа: овие видеа веќе собраа милијарди прегледи, а освен физички неизводливите рецепти, почнаа да шират и рецепти што се опасни за живот, на пример тоа дека јагода може да стане бела ако доволно долго време се држи во варикина. Да може, ама после јагодата ќе биде полна со варикина.

Тест: (Пре)познавате ли музика?

Една слика на која се ставени еден куп визуелни ишарети кои треба да ве асоцираат на светски познати бендови и музичари. Ајде, кој колку може, ама не одма со Гугл.

Основи на италијанска кујна во една слика

Италија е сред човечка драма откако за само неколку дена во земјата имаше 7 жртви на коронавирусот. Па заради ова фудбалски натпревари се играат без публика, Венеција го откажа карневалот, Милано ја затвори катедралата Дуомо, а Италијанците како ретко кога почнаа да прават залихи на храна и да ги чистат полиците на супермаркетите. Речиси сите полици.

Ноќта на родителите

Малиот е расплакан затоа што оди на школо ненаспан. А ненаспан е заради родителите. Три пати!

Вака да се остари

Дечкото мисли дека старата во соседната кола има проблем со неговата музика. Има, ама поинаков од што мисли.

Стар кинески рецепт: масло од канализација преработено во масло за јадење

Додека не сме почнале да купуваме и зејтин на АлиЕкспрес, да видиме како функционира кинеската нелегална (крајно нелегална) маслодајна индустрија.

Ако некогаш ве интересирало што тоа Трамп зборува и ветува по митинзи

Нови работни места, обновување на инфраструктура, здравствена заштита, даноци, екологија, борба против криминал, оправање судство, се работи што може секој политичар да ги вергла по митинзи. Трамп не е секој политичар.

Цитати од славни: Мугабе

„Ако си грда, грда си и престани да зборуваш за внатрешна убавина. Мажите не одат наоколу со рентген па да ја видат внатрешната убавина.“

Русинката која заслужи да добие Мерцедес

Русин решил да ја изненади својата сопруга со прејак модел на Мерцедес, и не може а да не се пофали и да го сними додека е ганц нов. Ама па, нејзината насмевка покажува дека вредело.

Химни знаат да уништат кариера

Темата деновиве е актуелна по веста дека Јосипа Лисац заработила тужба поради нејзината интерпретација на хрватска химна на инаугурцијата на Зоран Милановиќ. Прв кој изгоре на таква тема беше Хозе Фелицијано пред половина век.

Ова ќе пука?

Северот на Сирија. Колона воени возила, половина американски, половина руски. На оваа вторава половина не и се сака да биде позади, а првата половина упорно гради простор. Налет ако вака почне Трета светска војна.

Интервентна доза кисела краставица

Ако сте се прашувале до каде ќе оди тој тренд за пакување на производите во сè помали, лапни-голтни, дози (за да бидат поевтини и полесно да се донесе одлука да се купат), еве до каде е тоа отидено. Моментално. 

Матичарка на која ѝ е до гуша

Младите фатени за рака, невестата ги рецитира нејзините милозвучни брачни заклетви. Матичарката изгледа сакаше да им каже „Не мора да се лажете до толку“ ама сепак реши поинаку да се изрази.

Штрајк на власта

ПР дечки, како бе не ви е јасно дека сè, ама баш сè, ни е веќе видено? Само што некогаш на тоа се смеевме затоа што ни беше смешно, денес на истото се смееме колку да не плачеме. 

Денови на јапонскиот метал и светскиот поредок

Бејбиметал е еден јапонски бенд произведен со продуцентски инженеринг кој има песна Хендбенгер, една од оние песни кои после не можеш да ги „отчуеш“ (текстот: хедобан, хедобан, хедобан, татата....). А World Order e седумчлен состав чиј основач едно време баталува боречки вештини и решава со овие да денсаат по улици, прецизни ко роботи. И имаат 164 милиони прегледи на Јутјуб. Доста е информации.

Кога ќе откриеш тетоважа кај жена ти

„Пред некој ден жен ми ја чешаше грб и ајде да помогнам кога таму -  тетоважа која првпат ја гледам! Тоа ви кажува колку често имаме секс“, ја најави Пит Таузенд песната „Tattoo“ на акустична свирка во лондонскиот клуб Призма со која The Who одбележаa 50 годишнина од нивниот клучен концерт на Универзитетот во Лидс. Песната ја немаат свирено 12 години. 

Ноа: Моите трауми од црвениот килим

Тревор Ноа мајсторски ги вози своите стенд-ап парчиња. Човекот е цар за странски акценти ама и ова му е брилијантно спакувано.