Фантастичните лаги на „хаковите“ за храна

Откако прво алармираа луѓе што сериозно изучуваат и се занимаваат со готвење, сега и Би-би-си се вклучи во целиот лов и разоткривање на лагите што се сервираат во овие совршено убави видеа. И Би-би-си имаат сериозен мотив за тоа: овие видеа веќе собраа милијарди прегледи, а освен физички неизводливите рецепти, почнаа да шират и рецепти што се опасни за живот, на пример тоа дека јагода може да стане бела ако доволно долго време се држи во варикина. Да може, ама после јагодата ќе биде полна со варикина.


Новото видео на Ен Риардон на темава:

 

25 февруари 2020 - 16:40