Тоа е време кога Америка е длабоко истрауматизирана од војната во Виетнам и од растечката свесност дека земјата има сериозни расни проблеми. За Хозе Фелицијано тоа се златни времиња. Неговите латино верзии на “California Dreamin’” и “Light My Fire” ги преплавуваат радио брановите а сингловите му се качуваат по топ листите.
И тогаш, на 7 октомври 1968 година, пред 53.000 безбол фанови собрани на стадионот во Детроит да одгледат натпревар од финалето на сезоната, Фелицијно изведува свое, соул/латино видување на американската химна “Star Spangled Banner.”
Веднаш штом завршил, луѓе кои го работеле ТВ преносот му рекле дека неговата изведба предизвикала скандал, дека навредила многу воени ветерани, дека луѓе масовно мавале со кондури по телевизорите кога тој ја пеел химната. Многу бргу, радиските диџеи го тргнуваат од своите плеј листи и Фелицијано оди во мрак.
А тоа звучело овака:
Денес 74 годишниот Хозе Фелицијано имаше неколку падни-стани моменти во кариерата. Последново време му е погодено, особено откако неговата верзија на песната на Мамас и Папас “California Dreamin’ се најде во оскаровскиот кандидат „Once Upon a Time … in Hollywood“ и стана една од најстримуваните песни од тој саундтрак.
Инаку, Јосипа, фала на прашање, баш добра: