Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Носење и неносење маска, показна вежба

Доктор со и без маска кива, пее, збори и кашла кон онакво лабораториско чинивче. Експериментот, во една слика, објаснува сè што може не ви беше јасно околу потребата од носење маски. П.С. има зошто најмногу треба да се плашите од кивање.

Пер, каква фотосинтеза!

Досадно ви е, по телевизии нема што да се гледа, Нетфликс све глупи серии ви предлага во последно време? Не е до нив, до вас е. Гледајте како на овие љубопитни суштества не им е ништо досадно. Да не ја дуваме работата, ама така е. 

Саша Барон Коен ги тролал екстремните десничари

Се инфилтрирал на собиранка на околу 500 крајни десничари во Вашингтон кои се нарекуваат Олимпијци, има кажал неколку расистички и анти-семитски вицови за да ги загрее а потоа ги терал заедно да пеат како Обама, Хилари и Фаучи треба да се инјектираат со Вуханскиот вирус или да се сецкаат како што тоа го прават Саудијците. Коен уште нема потврдено, ама ќе да е тој.

Џо Роган за паролата „Нема правда, нема мир“

Паролата на некои им звучи моќно и тие што страсно ја изговараат веројатно се чувствуваат јако, но што во суштина значи тоа? Одбран е невидлив непријател кој не можат ни точно да го опишат ниту пак да го измерат (ни него ни успехот на својата борба против него). Ама па, им звучи јако на тие што паролата ја мантраат по улици.  

Признај дете дека си бел

Наместо да се зеза со другарчињата, 11 годишниот Хенри оди на „расна обука“ каде пред камерите на британскиот Канал 4 треба на своите врсници, дел од нив од етнички малцинства, да им објаснува „како е да си бел“. Се расплака, кутро дете. Комунисти вака не правеле со деца на бурожазијата.

Ете го видеото од вицот

На крајот, мајсторот му вика на младиот чирак: "Учи дете, инаку цел живот ќе држиш скали".

Тенка е линијата меѓу Нобел и Хаг

Последна вест за Хашим Тачи е дека хашки обвинител подигнал обвиненија против него за воени злосторства. Нешто порано тој Тачи беше предлаган за Нобелова награда. Исто така порано, демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, Тачи го спореди со Џорџ Вашингтон.

Три секунди гордост на себе

Дечко проаѓа покрај комбе кое полека се движи по надолница и сфаќа дека зад воланот нема никој. Некако успева да го сопре и да продолжи по патот за да го види крајот на своето добро дело.

Нацртај ми сé

Dynamo Dream e научно фантастична сајбер-панк серија која се состои од приказна, актери, зелена чоја и додадени пиксели. Додадени мнооогу пиксели.

Срце, дете и лопата

Малиот верува дека ја има сфатено физиката на лопатата. Лопатата му покажува дека треба уште вежбање.

Свири ми ја Супер Марио, тивко, полека

Минување едно ниво на Супер Марио, отсвирено на клавијатури во реално време, од а до ш, си сички екстри. Беспрекорно.

Џа Рул рекламира гиро

Раперот од Квинс меастрално се изБТРриза во една нискобуџетна и упадливо лоша реклама за грчки ресторан. 50 Цент веднаш го истролира: „“Така е кога се закачаш со мене, ќе завршиш продавајќи гира“. 

Масата лесно се заведува со расата

Кевин и Кит Хоџ се близнаци и (засега) слободно можат да кажат: White lives matter (бидејќи се црни). „Не паѓаме ние на финтите на БЛМ“, викаат близнаците и реконструираат неколку примери кои никогаш не добија ни приближен публицитет ниту пак предизвикаа праведнички потреси. Меѓу примерите и оној со Тони Тимпа кој загина од полициска бруталност на идентичен начин со Џорџ Флојд. Само што Тимпа беше белец.    

Холи шит

Христијански верски групи почнаа да ја третираат локацијата на која Џорџ Флојд беше газен на врат како свето место. Нешто налик на Ерусалим, Мека, Фатима, Меѓугорје.... Се изведувале крштевања, духовни прочистувања, почнуваат муабети дека и чуда се случувале. Боже сачувај.

Зборувајте по дома за порното

Не е проблемот во гледањето порно, проблемот е малолетните што гледаат порно да разберат дека тоа не отсликува ниту однесување, ниту интеракција од реален живот. „Вообичаено снимаме за возрасни, меѓутоа вашиот син уште е дете, па можеби не разбира како всушност функционираат врските,“ порачува голата актерка во новозеландската кампања која ги поттикнува родителите да разговараат со своите деца околу тоа што го гледаат на порно сајтовите.

Шпагети се

Од пријател склон кон теории на заговор, добил фото доказ дека короната е фабрикувана со предумисла: во сцена од филмот Капетан Америка (2011) на една од њујоршките згради е најавена бељата која речиси една деценија подоцна ќе хара по светов: корона пиво и препознатливата тркалезна форма на вирусот, со тоа шпицовите. Човекот решил да тарашка по интернет. Како одела истрагата и до кој заклучок се дошло?

Американци бараат Канада да ги окупира

Во САД мора да биде вратена демократијата. А ако САД знаат нешто, тоа е дека кога на некоја земја ѝ треба демократија, тогаш таа земја треба да биде окупирана.  Одлична заебанција на Тревор Ноа и неговата екипа од Дејли шоу.

Револуционерни бесвесности (2)

Статуата на Матијас (дуплове) Болдвин пред седиштето на градските власти во Филаделфија, заврши согласно правилата на франшизата „шарена револуција“; прво ќе ја исплескаат со боја и графити а пожелно е ако се најде храбар активист да се качи на неа и да ја беси или слично. Добро, кој е тој злотвор Матијас Болдвин?

Дејв Шапел сака да позборува за сè што се случува

По сите протести и немири низ САД по убиството на Џорџ Флојд, Дејв Шапел решава да го каже својот дел од муабетот и тоа во форма на вондреден стендап за Нетфликс, под наслов „8:46“, што го симболизира времето колку полицаецот му клечи на врат на Флојд.

Го знаете ли принципот на булшит асиметрија?

Количината на напор неопходна за да се побие еден булшит, секогаш е поголема од количината напор која била потребна тој булшит да се произведе.

Колку е смртоносен ковид-19?

Тестирањето за ковид-19 е како тенок зрак светлост во темна соба, сето она кон што не е насочена светлината не се гледа.

Ако не ја знаете, да ве запознаеме со Кендис

Прави голем ремет во идеолошкиот алгоритам на нејзините политички противници. Кендис Овенс е млада, паметна, црна и - конзервативна.

Што ќе ти е мозок ако имаш кауза

Толпа напалени активисти му се сипуваат на градоначалникот на Минеаполис и како на јавно судење во среден век му даваат да се произнесе само со да или не за нивното главно барање. А барањето гласи - нејќеме веќе полиција, точка! И овој кутар го утна очекуваниот одговор па овие го набркаа со „шејм, шејм...“ Како станаа вака глупи времињава бе?

Зошто корпорациите ги поддржуваат протестите?

Народни бунтови спонзорирани од Амазон, Најк, Старбакс и Ситибанк не можат да бидат народни бунтови, оценува соговорникот на Џо Роган чие објаснување на овој парадокс е дека на корпорациите им одговара да се држи главниот фокус на идентитетските политики и бескрајно да се копаат ровови по тие идентитетски линии, само за да не се сетат луѓето на основниот и клучен проблем на земјата - класниот.