Тенка е линијата меѓу Нобел и Хаг

Последна вест за Хашим Тачи е дека хашки обвинител подигнал обвиненија против него за воени злосторства. Нешто порано тој Тачи беше предлаган за Нобелова награда. Исто така порано, демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, Тачи го спореди со Џорџ Вашингтон.

Косовскиот претседател и тазе осомничен воен злосторник има една ПР биографија напишана пред две години од британскиот новинар Роџер Бојес (уредник на Лондон Тајмс) и Сузи Јагер, со помпезен наслов „Нова држава, модерен државник“.

Како што е ред, на задната корица има пар ударни и промотивни цитати за темата од битни фаци. Во оваа прилика ќе кажат:

„Хашим Тачи е Џорџ Вашингтон за Косово“
Џо Бајден, американски потпретседател (2009-2017) и претседателски кандидат (2020)

"Од пасиониран студент, преку командант на парталавата армија на УЧК, до премиер и претседател на неговата земја, патешествието на Хашим Тачи беше полно со настани и повремено контроверзно. Но, денешно Косово е жив сведок на искреноста на овој инспиративен лидер на мала земја која има не само богато минато туку и надежна иднина".
Лорд Џорџ Роберстон, баронот од Порт Елен, британски министер за одбрана (1997-1997) и генерален секретар на НАТО (1993-2003)

„Уште за време на конференцијата во Рамбује реков дека Хашим Тачи е роден политичар. Неговите ангажмани за време на војната и после неа само ја засилија мојата верба во неговите политички капацитети. Верувам во неговата визија, визија која му недостасуваше на Косово“.
Медлин Олбрајт, американски државен секретар (1997-2001)

„Хашим Тачи испиша важно поглавје во модерната европска историја преку два големи настана: водејќи го Косово кон декларацијата за независност и, пет години подоцна, историскиот договор меѓу Косово и Србија за нормализирање на односите меѓу двата соседа“.
Волфганг Петрич, специјален пратеник на ЕУ за Косово (1998-1999) и висок претставник за Босна и Херцеговина.

******

 

 

 

25 јуни 2020 - 14:30