Масата лесно се заведува со расата

Кевин и Кит Хоџ се близнаци и (засега) слободно можат да кажат: White lives matter (бидејќи се црни). „Не паѓаме ние на финтите на БЛМ“, викаат близнаците и реконструираат неколку примери кои никогаш не добија ни приближен публицитет ниту пак предизвикаа праведнички потреси. Меѓу примерите и оној со Тони Тимпа кој загина од полициска бруталност на идентичен начин со Џорџ Флојд. Само што Тимпа беше белец.    

Кога сме веќе на темата, мал бонус од нашата симпатија Кендис Овенс чии зборови и реакции беа извртени од една либерална професорка на конгресно сослушување. За среќа, и таа се фати за микрофон за да потсети дека фамозната бела супремација ни оддалеку не е главниот проблем во реалниот живот на црните Американци. Чујте како таа убедливо се справува со ниските удари и лажни наративи.

 

20 јуни 2020 - 21:20