Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Кифнес стигна на Балканот

Кога веќе можеше да најде музика во звук од маче, амали или војници, не е многу чудно што Кифнес успеал да најде музика и во - песна на Карлеуша. Не директно туку преку некој црногорски двоглас. Лошо, ама, тоа е.

Поинтилизам на стероиди

Дечкото со јаглен и графитен молив црта хипер-реалистични цртежи, на кои може да позавиди секој фотоапарат на светот. За некои од цртежите му требаат и 200 работни часа. Само за цртање на едно око му одат цели 5 часа. Ама око, мислиш ќе ти трепне!

Големата „најт шоу“ рокада

Фалон во Њујорк го чека Вил Фарел во емисија. Кимел во Лос Анџелес го чека Рајан Рејнолдс во емисија. Фарел живее во Лос Анџелес, Рејнолдс во Њујорк. И на едниот и на другиот не му се патува преку цела Америка за да биде на „најт шоу“, па секој си оди кај локалниот во емисија.

Како треба да изгледа секоја војна

Канада и Данска уште од 1930-тите години водат спор околу малиот остров Ханс кој се наоѓа во Кенеди каналот, меѓу Гренланд и островот Елсмер. Во 1973 година двете држави ја утврдуваат меѓусебната водна граница но не успевaaт да се договорат околу Ханс. Десетина години подоцна, почнува да биднува вака:

Не сите мисици се малтретирани еднакво

Совет за девојки: ако решите да станувате мисс, гледајте тоа да не е Мисс на Финска затоа што ќе треба да правите вакви интерјвуа.

И вие паркирате дома, и тој паркира дома

Сме виделе тесни премини за кола во тоа глупите новоградби (во Кисела вода, на пример), ама ваква рационализација на бројот на чекори потребни од кола да стигнете до дома, немаме видено. Единствен начин да му ја украдеш колата на стариов е прво да му провалиш дома. 

Филмска геометрија

Фасцинантно е колку несвесно а непогрешливо прецизно ги примаме и доживуваме невербалните, визуелни пораки во еден филм. Што кога е нешто тркалезно, што кога е триаголнесто и што сè може да се долови доколку биде ставено во рамка. Фасцинантно.

Семејството Кабс

Ги знаете ли? Три деца имаат ама ѕвезда е најмалата, Мали, која го збунува татко ѝ со нејзината опседнатост со музика и желба за пеење и играње. А Мали знае свашта, од латино до Том Џонс. Плус мултилингвална: освен што перфектно пее шпански и португалски, учи француски, јазикот тви (од Гана, од мајка ѝ) и лингала (конгоански, од татко ѝ). Ама, убер алес, музика за сите пари!

Машини за реки во градови со одвратни луѓе

Неколку ефикасни решенија за река која не се користи за истурање на какви не хемикалии и фекалии, туку само за господски урбан отпад од секаква форма, состав и големина.

Девојката со немирна дијафрагма

Убаво е кога блиските ти ги знаат маните само што не е исклучено дека тие ќе сакаат да те цимаат баш таму. Девојката добива инстант нагон за повраќање штом некој во близина симулира такви звуци. А во близина е маж ѝ кој добро го знае тоа и ја ремети кај стигне.  

Европа е полна со „глупи Американци“

Европјани главно со стандардна надменост гледаат на Американците, негувајќи го стереотипот дека тоа се луѓе кои немаат елементарни познавања за светот и реалноста. Да погледнеме сега во европскиот двор во кој нè има и нас и комшиите.

Адидас извади патики за на Октоберфест

Во пресрет на Октоберфест, компанијата реши да понуди специјална едиција на нивниот популарен „Минхен“ модел која има детали  во чест на пивскиот фестивал но најбитна особина е што се премачкани со специјален DPBR премаз кој ги прави отпорни на пиво од прва рака и на она пиво кое организмот го проценил како вишок. Она DPBR доаѓа од „durable puke & beer repellent“.

Изум на годината (1939)

Двајца инженери од Шефилд го имаат патентирано овој изум во наведената година, како нешто што ќе спаси многу коски и животи. „Car Catcher“ се монтира на предниот браник и таман да зачукаш некој пешак, му отвораш шаторско крило. После тој станува неповреден и почнувате тепачка кој бил крив.

Зошто да не ги покриеме пустините со соларни панели?

Заблуда е дека планетава има проблем со енергија. Само од Сонцето добиваме 5.000 пати повеќе отколку што трошиме. Е па? Е па не е толку едноставно. Верувале или не, еден од главните проблеми на соларните панели во пустина е - што се греат.

Фајзерчиња за дечиња

Американската агенција за храна и лекови ги одобри вакцините на Фајзер/Бионтек за деца од 5 до 11 години. Тоа едногласно го подржа панелот на ФДА со гласање 17-0. Неколку фусноти околу тоа.

Програмер на интервју за работа

Секој што некогаш пробал да вработи „сениор“ програмер знае колку ова е точно. Секој сениор програмер што се вработил знае дека ова го има само во другата ИТ компанија. Хајлајт „немам потреба од тим билдинг, можам и сам да се напијам.“

Највисоки и најниски цени на бензин во свет

Просечната цена на бензинот во светот (во септември) била 1,2 долари (или 63,79 денари) за литар. На едниот крај од овој просек е Венецуела, каде литар бензин е само 2 американски цента, на другиот се Хонгконг и Холандија со 2,56 односно 2,18 долари за литар. Во Македонија цената моментално е 70,65 денари (1,33 долари) за литар.

Детално упатство како НЕ се гаси пожар во кујна

Чекор 1: Ако по некоја случајност ти се запалил зејтинот што ти е на шпорет никако, никако, никако не фрлаш вода врз него.

Толку.

Логиката на вакцините

Одговори на струката на прашања од теоретичари на завера. Замислениот дијалог започнува со прашањето, што кога некој ќе заболи од ковид после примена прва доза вакцина.  Но, тоа е само почеток.

Интелектуална кавга во Русија

Што им е заедничко на двајца Руси од кои едниот на 24 години одбранил кандидатска дисертација  за академија на науки а другиот е потполковник на министерството за внатрешни работи? Нормално, тоа што и двајцата сакаат да се напијат.

Марк Закерберг го смени името во Мајка Тереза

Марк Закерберг законски го сменил името во Мајка Тереза, потврди Мајка Тереза. Се дава рок за прилагодување до октомври, после тоа следи протерување од мета-космосот.

Капиталот, највисокиот дом во ЕУ

Енергичен и жесток европарламентарец од Романија објаснува дека ни тие не смеат да ги видат договорите со производителите на вакцини, а Европскиот парламент гордо се смета за најдемократската интитуција на ЕУ. Човекот покажува што само им е дозволено да видат од тие мистериозни договори: куп зацрнети страници, како досиеја на УДБА.

Ретро на метро

На звуците од Чикитита од АББА (нејасно зошто) ова видео може на постарите да има послужи како едукативен пауер поинт за помладите во нивна околина, да се запознаат со дизајнот и гаџетите на некои минати времиња. Вокмен, клик-клак, динамо од точак, Брут, оние за отворање конзерви со вртење... Или барем ќе си најдат нешто за кое ќе си речат: „Стварно бе, кај ми е ова?“

Во Дубаи отворено најголемото панорамско тркало на светот

Има капацитет од 1.750 луѓе, влезницата е 30 евра, и за овие пари добивате 40-минутно крукче. Високо е 250 метри, и има 48 кабини. За да не се троши простор, за тркалото прво е направен вештачки остров врз кој тоа е изградено.