Во официјалното соопштение, Мајка Тереза изјави дека го променил името за тоа подобро да ја одразува неговата мисија за хуманост и љубезност.
“Името 'Марк Закерберг' непрецизно ја опишуваше мојата улога: да бидам силата која донесува добрина, љубов и љубезност ширум мета-вселената,“ се наведува во изјавата.
Мајка Тереза призна дека на некои вработени во компанијата Мета би можело да им биде тешко да се навикнат на новото име, но порача дека ќе им даде рок до октомври да се навикнат.
После тоа, рече тој, секој вработен кој ќе му се обрати со Марк Закерберг, „ќе биде веднаш протеран од мета-космосот“.
„Понекогаш морате да бидете груби за да бидете љубезни“, рече Мајка Тереза.
* сатиричен текст на Њујоркер