Фајзерчиња за дечиња

Американската агенција за храна и лекови ги одобри вакцините на Фајзер/Бионтек за деца од 5 до 11 години. Тоа едногласно го подржа панелот на ФДА со гласање 17-0. Неколку фусноти околу тоа.

* Член на наведниот панел е и доктор Рубен кој ќе каже:

„Ние никогаш нема да научииме колку вакцините се безбедни, додека не почнеме да ги даваме. Така тоа оди...“

* Фајзер пак, реши да искористи една од најпопуларните детски фасцинираности, онаа со супер-хероите, па порача дека сите мали кои учествувале во клиничките испитувања на ефикасноста и безбедноста на вакцините се супер-херои. И сега, го гледа ова некое дете и почнува да ги масира неговите да му дозволат и тоа да стане супер-херој.

* Сан Франциско наскоро и за деца од 5 години ќе бара потврда за вакцинација за да можат да влезат во ресторан, на базен....

Мајка израдувана од одлуката на ФДА, едвај чека нејзините да дојдат на возраст за вакцинирање. А после, вика лударата, ќе кива во сите невакцинирани.

**********

 

4 ноември 2021 - 11:01