Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Генерациски разлики

За разликите меѓу генерациите можат да се пишуваат долги есеи и томови анализи и истражувања. А може да се скоцка и едно луцидно видео од дваесетина секунди и некои работи да станат многу појасни.

Добра берберница е институција

Еден од најголемите порази што модерниот живот го нанесе општо на животот е што почна да се закажува шишање во берберница. Навидум целосно неважна работа, меѓутоа седењето во берберница и чекањето ред, е суштински столб на чакалење на секој маж (веројатно исто е и за жени во фризерница) и на квалитетен и содржински маалски живот.

Борис Џонсон ја прогласи пандемијата за умрено

Британскиот премиер најави укинување на две железни ставки во ковид пандемијата: маските и ковид сертификатите. Ај за арно нека е. Само, како што порачува Рамбо во неговото последно послание, гледајте да не примите гол во последните секунди од играта. 

Кога не учите од историја, учете од цртани

Лекцијава е од далечната 1937 година и е анимирана, за да можат наравоучението да го разберат и деца и наивни Снежани.

Страв без филтри

Ликот што го гледате е на еден од регрутите на Воената академија во Алма ата, Казахстан, преплашен за време на немирите („терористичкиот обид за пуч“) во земјата. Дечкото се наоѓа во академијата во време кога напаѓачите се обидуваат да ја освојат. Тој носи униформа, стравот и зборовите му се без униформа.

Ролетни со политички став

Скромна рекламна порака на компанија за ролетни од Флорида, компанија за која, очигледно, не е сè во парите. На крајот од пораката викаат: „Ако ги подржувате Џо Бајден и либералите, ич да не ни се јавувате“.

Или ќе умреш од глад, или од работа

Денешниот систем на производство, политичка економија и политика, на површина го вади најлошото од луѓето. Богатството на богатите зависи од сиромаштијата на сиромашните. Културата на богатите зависи од некултурата на сиромашните. Самодовербата на богатите зависи од класната несвесност на оние другите.

Пит-стоп 1950 вс. 2020

На овие првите во тоа време да им покажеш видео од овие вторите, ќе помислат дека дошле вонземјани сосе алат и работат на менување гуми во пит-стоп.

Во Лос Анџелес апокалипса крај шините

Совршената сценографија за постапокалиптичен филм во Америка всушност се снимки од дел од товарната железничка пруга што минува низ Лос Анџелес, која без разлика како изгледа, сè уште е во употреба и тоа, крајно фреквентно.

Не сите влезови на руски згради се направени исти

Единствено логично објаснување е дека руски престолонаследник се има вратено во земјата и решил да живее меѓу народот, само после прв спрат му попуштила волјата за дискретност.

Ако не му е срам на Борис, нема зошто на тебе да ти е срам да играш

Без разлика на целиот туѓ срам што ќе го видите во видеото, тоа не е причината за скандалот што Борис Џонсон го јаде деновиве. Клипот е од некоја божиќна забава од пред десетина години, а се појави деновиве откако британскиот премиер беше фатен како ги прекршува анти-ковид правилата заради новогодишна забава.

Историја на металот

Мулти-инструменталистот Андреа Бокарусо скоцкал импресивна прошетка низ различните метал стилови, од 50-тите години до денес. Има тука сешто. Показна музичка вежба со сите нишани.

Повеќето луѓе се овци

Често знаеме да се исчудуваме над постапки на некои луѓе, заборавајќи со кого си имаме работа, колку конформизмот е фабричка опрема на човекот и во колкава мерка желбата да ѝ се подредиш на групата ја паузира работата на мозокот. Без разлика дали експериментот е правен со мајмуни или не, заклучокот е ист - луѓето се овци. 

Детална, перфектно точна, еволуција на ковид правилата 2020 - 2022

Наше е да кажеме дека до сега веројатно и немало вака прецизно сумирање на пандемијата. Нивно е да си признаат дека баш вака еволуираше држењето на секаквите власти овие две години.

Крадење деца во светот на пингвините

„Хепи фит“ од вистинскиот свет, само што во него проблем на малото не е што не знае да пее ами да игра, туку нешто многу посериозно: женки кои не родиле а имаат страшна потреба да имаат младунче за одгледување. При што можат да го угушат од љубов. На смена за чување за паѓа таткото. Драма.

Како Австралија стана толку без памет?

Марк Мекгауен е премиер на Западна Австралија и има порака за вакцинација која сака да допре и до Абориџините. Што прави за таа цел? Решава својата порака на англиски јазик, да биде и преведена на  - англиски јазик.

Оди па земи му ја

(Зло)употреба на еден баг во фудбалските правила кои велат дека тој спорт се игра со нозе, топката може да ја допреш и со други делови на телото, само не со раце. Видиш, за дриблање противници додека топката ти е на врат, ништо не е кажано.

Љубопитноста на Бети Вајт

Дражесната Бети Вајт почина последниот ден од 2021 година, на убави 99 години полни со живот. Овде со Лери Кинг (почина една година пред неа) муабети за смртта и за тоа зошто верува дека  смртта е вин-вин ситуација.

Јапонија за (ковид) Јапонците

Властите на префектурата Токио на сите жители на своја територија заглавени дома заради ковид-19 им испорачуваат „пакет за грижа“ составен од три кутии, главно пиење и јадење (кое пак е главно нудли). Ова е распакување на еден таков пакет.

Стоп-моушн до совршенство

Технички ова е видео, само наместо стандардното снимање со камера, составено е од околу 3.000 фотографии. Едно нешто што му е многу важно на авторот, е дека воопшто нема употребено ЦГИ за клипот.

Чеченската полиција мисли дека е од Дубаи

Најновата набавка на полицијата на Чеченија, инаку една од „дотациските републики“ за која се одвојуваат неповратни пари од буџетот на Русија.

Будалата памти, паметниот чува видеа

Без многу напнување и големи заклучоци, чисто да потсетиме дека сешто се изнаслушавме во оваа пандемија, ај од шареноликата екипа антиваксери туку и од оние кои се самоуверени членови на „екипата наука“. Дел од нив сега тврдат дека никогаш не рекле ова, никогаш не рекле она. А рекле, рекле.

Дали спиењето може да помогне за Алцхајмер?

Постојат некои охрабрувачки трагови на оваа тема. Амилоид е протеин кој се содава кога мозокот е во активна фаза. Да речеме, тоа се остатоци од она што о живееме и мозгаме. Без доволно сон, амилоидот знае да се таложи и да ја забавува работата на мозокот а длабокиот сон е своевидно плакнење на целиот мозок, кому потоа подобро му работи функцијата „Save.“

Како Бугари нарачувале од Џеф Безос?

Браќата уште на времето си ги познавале своите поштари: а) дека се апаши и б) дека не знаат да читаат англиски. Па онда знаеле да пратат флопи диск во кој биле пикнати пари за нарачката која ја сакаат. Ете што ти запамтил Безос. Денес им е полесно, денес нарачките преку Бучко ги праќаат.