„Скроз наебавме. Мамо, тато, ве сакам. Ќе умреме, ни нема спас.“
За среќа на овој регрут, тој не умре. Меѓутоа, според извештаите од терен, во одбраната на академијата загинува началникот на академијата, кој командува со регрутите за време на нападот. Бидејќи немаат пристап до оружје, регрутите ја бранат академијата со војнички лопатчиња.
Во неколкудневните немири во земјата загинаа околу 230 луѓе.