Будалата памти, паметниот чува видеа

Без многу напнување и големи заклучоци, чисто да потсетиме дека сешто се изнаслушавме во оваа пандемија, ај од шареноликата екипа антиваксери туку и од оние кои се самоуверени членови на „екипата наука“. Дел од нив сега тврдат дека никогаш не рекле ова, никогаш не рекле она. А рекле, рекле.

Џо Бајден, претседател на САД:

„Ок е, нема ни да имате ковид ако сте вакцинирани“.

Рошел Валенски, директорка на американскиот Центар за заразни болести:

„Вакцинираните луѓе не го носат вирусот и не можат да заболат“.

Бил Гејтс, филантроп:

„Оној што е вакциниран не само што се штити себе туку и ја редуцира трансмисијата. Клучна цел е да ја сопреме трансмисијата, да постигнеме високо ниво на имунизираност и да имаме речиси нула инфекции“.

Ентони Фаучи, прв човек на американскиот институт за алергии и заразни болести и главен советник на американскиот претстедател.

„Кога луѓето се вакцинирани, тие можат да се чувствуваат безбедно дека нема да бидат заразени.“

Бајден, вторпат:

„Кога сте вакцинирани, нема да бидете хоспитализирани и нема да умрете. Ако сте целосно вакцинирани, нема веќе потреба да носите маска“.

Валенски, вторпат:

„Сите кои се целосно вакцинирани, ќе можат да учествуваат во сите активности, надвор или внатре, без да носат маска“.

Фаучи, по некое време:

„Вакциниран човек има исто ниво вирален материјал во носот како и невакциниран“

Заклучок (сега за сега):

- Бустер му е мајката.

Се гледаме по некој месец, со нова компилација, за бустерите.

 

8 јануари 2022 - 16:41