Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Играчки за големи деца со многу пари

Икстуризмо е јапонски производ, за сега во фаза на прототип. Замислен е како џиновски дрон со седиште и би требало да чини меѓу 300 и 500 илјади долари. До сега никој го нема видено како лета, ама имаат видео презентации за тоа како замислуваат дека ќе лета.

Живееме во масовна психоза како во наци Германија

Научникот кој ги откри мРНК вакцините ја спореди сегашната ситуација со она што се случуваше во Германија во 20-тите и 30-тите години. Високо интелигентни, високо образовани луѓе, а сè полудено. „Кога имате општество на сепарирани луѓе и анксиозност која слободно плива насекаде, тие стануваат како хипнотизирани и можете да ги водите кај што сакате“, вели доктор Роберт Малоун.

Дочек на Нова година во Атина за 0 евра

Заради страв од ковид-19 и посебно омикрон, Грција за Нова Година ги забрани сите организирани музички прослави на отворено. Заради забрана за музика и општо славење атињаните решија да не излегуваат масовно на градските плоштади. Ама имаше кој да излезе. И тоа масовно.

Ќе ве научиме да ја сакате татковината

Откако во 2019-та се случија веројатно најсериозните протести против Кина откако таа ја презеде власта во Хонгконг, кон крајот на 2021 Бирото за образование на Хонгконг нареди сите градинки, основни и средни училишта, секоја недела да одржуваат церемонија за кревање на знамето, проследена со кинеската државна химна.

На ниедно ниво на светов нема раат

Да видите во акција еден предатор кој нагалено го викаат „Лебедова солза“ (Lacrymaria olor) како лови, фаќа, убива и голта плен рамен на себе. За потребите на ловот, „ѕверот“ може да го издолжи вратот 8 пати колку што му е телото (како вие одеднаш да пуштите врат до 4-ти спрат). Зошто ни е ова интересно? Затоа што се работи за - едноклеточни организми.

Неапол не ти ќути

Човекот се јавува во првите моменти од новата 2022 година, само за да ни каже и покаже дека во неговиот Неапол, петарди, огномет и пиротехника годинава биле стриктно забранети.

Клучни зборови: омикрон, смрт

„Не можеме да потврдиме дали пациентот почина од ковид но беше позитивен на омикрон,“ вели неговата лекарка. „Значи, можете да кажете дека тој починал СО ковид, но не и дека починал ОД ковид,“ потпрашува новинарот. „Така е“, вели таа. Настапуваат медиумите.

Во Авганистан животот се враќа во нормала

Во една од најбезазлените егзекуции што некогаш ја спровеле, но за нив ништо помалку симболична, Талибанците со секира јавно егзекутираа - телевизор.

Двајт не воскреснува лесно

На Двајт Шрут му прават ремет со Матрикс. Црни мачки, луѓе близнаци,пораки на компјутер,  агенти... Доаѓа до Дорфеус, брат на Морфеус (Део и Дринити фаќаат сеир) но само за да се открие природниот баг кој го има во Двајт (и во многу од нас): склоноста да се одбере другото апче.  

Не ти јаде она таква кокошка

Она слатко пупаче не е истурено напред затоа што таа била рамнодушна кон храната. Не, не, таа има јасни и гласни ставови: кокошка не се јаде само со два-три зачина. Не можеш ти неа да ја прелажеш.

Бисери во руската кал

Една (прекрасна) руска лујка кој очигледно има две главни љубови: Мајкл Џексон и Џеки Чен. Во следниот настап ги спојува двата лика во една точка. Точка од која некогаш боли глава. А некогаш рамо.

Знаете вие што е комунизам

Транс поетесата и активистка Кеј Гебриел и нејзините соборци/соборки од ЗУМ (ЗУМ како нов црвен универзитет) се согласуваат дека нивната транс револуција е дел од една поширока комунистичка револуција. Кој ли зол гениј реши 30 години по големиот пораз на комунизмот уште еднаш да го закопува нудејќи вакви негови поборници кои никогаш нема да ги видиме на работна акција?

Кога ќе прочиташ дека и женско треба да ставиш во емисија

Некаков руски пренос од хокеј и тројца водители, двајца мажи и една Ана Семеновја, поранешна Мисс Татарстан. Секој со свој дел од стручната анализа.

Младите почнаа да го плаќаат ковид цехот

Највисоки здравствени инстанци во САД веќе зборуваат за криза на ментално здравје меѓу младите. Кај девојчињата стапката на самоубиства е порасната за преку 50 проценти.

Водич за политички коректен Божиќ

Бидете сигурни дека сите ваши родители се правилно нумерирани, наместо Снешко направете Снешка, или уште подобро, оставете снежното лице само да одлучи за себе, од сликовници се препорачува Петар Пансексуал и Алиса во Џендерленд, имајте на ум дека некои од вашите украси се навредливи за заедницата на елени а Дедо мраз мораше да биде канселиран од еден куп причини.

Имаш црква и имаш италијанска црква

Се наоѓа во градот Мормано во Калабрија, се води како нова парохиска црква, го носи името Санта Мариа Горети и е вонсериски впечатливо здание.

Џордан Питерсон за вакцините

Реков, ај ќе се вакцинирам за да бидам оставен раат. Се случи ли тоа? Не. Треба да се тестирам за да излезам од државата, треба да се тестирам за да влезам во државата. Се осеќам ко глуп. И ако и вакцинираните можат да заразуваат, како тоа одеднаш невакцинираните се опасност? Особено не разбирам што напнуваат со децата....

Како Аквамен се слика со туѓи девојки?

За очекување е на Џејсон Момоа да му приоѓаат девојки и да бараат да се сликаат со него. Ама тоа после некое време станува досадно. Поинтересно е кога и дечко им е ставен во контекст.

Погледнете го овој кадар

Педантно планирање и нула простор за грешки: троминутно видео во еден кадар, снимено од дрон. Каде сè не се пикна. Кај нас ќе ти го оборат со шамар на првата прилика.

Најјаката фрустрација на Хитлер

Шуќур дочекавме преработка на легендарно виралната сцена од Der Untergang, онааа со Хитлер во бункерот, која не е поврзана со дневнополитички настани или ликови. Во оваа верзија, Хитлер пизди затоа што не може да ја убоде бојата на тонот кој го вади Стиви Реј Вон. Па браос.

Маркус Едер - СКИ ЈА ЊЕ!

Скијањето не мора да значи да кмишиш во ред за ски лифт, не мора да значи ни само алиби за да се бапнеш на бачило. Скијањето некогаш подразбира да планираш преку две години, да снимаш 90 дена и да добиеш вакво десетминутно видео од кои паѓаат везови на вилица.

Кадир и неговиот Мерцедес

Човекот на фотографијата се вика Кадир, го викаат Кадир Мерцедес. Психички е болен и по цел ден јава на стап на кој има закачено ретровизор и знакот на Мерцедес. 

Секој маж треба да го знае ова

Си го возиш камионот и одеднаш - цап! - му пука осовината! Ништо де. Викаш пар другарчиња и викаш, фатете малку да ја вадиме, ќе ја носиме кај човек што има машини и електроди. Чиста работа. 20 минутно видео.

Глупоста е морално а не интелектуално пореметување

Како една земја на поети и мислители може да се претвори во збирштина од кукавици, измамници и криминалци? Седејќи во наци-затвор, младиот пастор Дитрих Бонхофер доаѓа до заклучок дека корен на проблемот не е злобата туку глупоста: против злото можеш да се бориш, против глупоста си беспомошен.