Најубаво во целата приказна е што еден голем град во целост го има прифатено Кадировиот сон за Мерцедесот (градот е Малатија, во Турција). Кадир стои на семафор, го паркира своето „ауто“ на паркинг, другите учесници во сообраќајот му даваат предност и комплетно го почитуваат како еден од нив.
Значи, цел град е свесен за тој „Мерцедес“. Тој својот стап го носи во сервисот на Мерцедес а мајсторите најсериозно му зборуваат за дефектите. Еден дури му има вградено касетофон, друг му има ставено ретровизори, трет му ја „одржува“ ѕвездата...
Кога погрешно ќе се паркира или ќе „пречекори“ брзина, сообраќајна полиција му „пишува“ казни, а некогаш го праќаат и на технички преглед. Цела Малатија, заедно со Кадир, ја живее неговата приказна и го почитува неговиот „Мерцедес“ , во време кога се пцуеме и убиваме за паркинг место и слични глупости.
А Кадир знае и да се налути.
Еднаш ја има однесено својата „лимузина“ на сервис и на мајсторот му кажал што го мачи. Мајсторот го примил „возилото“ и му рекол да дојде за два дена. Кадир дошол но му рекле дека аутото уште не му е готово. Дошол и следниот ден, мајсторот пак му рекол дека не е готов. Кога дошол третпат и го добил истиот одговор, Кадир налутено му викнал:
- Доста беше! Врати ми го Мерцедесот, не можам веќе дома да одам пешки!
Добрите луѓе од Малатија...