
Работата стана насилство.
Немањето работа е убиствена ситуација.
Работејќи за да преживеете, го трпите насилството на работните услови и работниот процес, го прифаќате насилство и неминовно, и самите станувате насилник. Насилството на работното место, во низата негови репродукции, на крајот се претвора во насилство во интимната сфера:
Доаѓаш од работа, каде трпиш насилство, затоа што си во подредена положба, затоа што го правиш она што не сакаш да го правиш ама мораш, за да ги задоволиш основните потреби, погонот на твојот живот. Се враќаш дома од работа под постојан стрес (и од работата и од губењето работа), во страв од смрт од сиромаштија, во страв од сиромаштија на твоите најблиски, се враќаш исцрпен, стануваш агресивен кон саканата личност. Ако се запрашаш „зошто бев толку агресивен?“, стануваш свесен дека низ тебе минала агресија и насилство, кои не се дел од тебе, но те имаат како проводник.
За Ал Џезеира разговараат стариот режисер Кен Лоач (1936) кој снима филмови за работничката класа во Енаглија и младиот писател Едуардо Луи (1992) кој пишува за положбата на работничката класа во Франција.