Едно ќе бидеш апдејтуван за сите актуелни маалски муабети, друго ќе се видиш со рандом комшии што не си ги видел или па ќе ги запознаеш новите, трето ќе се искалиш од сите обиди за да ти влезат преку ред со „може ли на брзина пред тебе, на кратко сум тука само да ме скрати“, четврто ти ќе ги вежбаш твоите обиди за влегување преку ред, петто, знаеш што згрешил и што треба да поправи селекторот во фудбал, ракомет, кошарка, шесто...
Или на пример бербериве што трајно ќе го решат стравот на малово од шишање, како што татко и мајка нема да можат со години: