Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Блер Вајт му е мајката

Блер Вајт е супер противотров за сите оние транс фолирања, БЛМ теми и хистерици кои себе се сметаат за воини за социјална правда. Цаката кај неа е што и самата е трансџендер па не може да ја обвинат за трансфобија. Па затоа, на маж кој се жали на ПМС болки, глатко му вика да не се секира, пошто најверојатно само му се сере.

Потта во јажето

„Да земеш јаже и да се обесиш“ е една од оние готови формулации кон кои знаеме често да прибегнеме во пригодни згодни/незгодни ситуации. Некој од овие маченици би те дигнал на клоци да те чуе така лесно и немарно да го ставаш во уста производот кои ним душа им има извадено. 

Воен туторијал за ретарди

За да ја разберете војната во Украина, доволно е да сте на ниво на разбирање на Марвел филмови.  Така барем верува Мајкл Мекфаул, некогашен американски амбасадор во Москва. Пазете како тој на своите твитер следбеници и на јавноста им ја објаснува војната, како на дебили. 

Кралеви на ритамот

На почетокот звучат како двајца абдали, ама, дајте им шанса. Со тек на времето така прецизно синхронизирано го развиваат своето чудо со зезнати и неправилни ритми, што сфаќаш дека всушност се махери. 

Патетични бебиња, пораснете

Бил Мар и Пирс Морган убедливо ја зашамараа културата во која секој од нешто е навреден, па се прави жртва, па на сите работи треба да стои предупредување дека нешто може да ги навреди и да им ги повреди кршливите чувства... Замислете, дисклејмер добил дури и филмот „Одвеано од виорот“.

Шазам за експлозии

Малколм Нанс беше повеќегодишен аналитичар на МСНБЦ за воени прашања. „Доста беше зборување!“ обелодени пред некое време и се придружи на украинските воени сили. Само да видите каков е тоа фолирант. Украина не може да изгуби со експерти од ваков калибар на нејзина страна.

Руските авиони летаат преку обиколница

Рутата на авионот е Москва - Мадрид - Атина - Москва, или во нормални времиња лет од некои си 8.000 километри. Сега истата оваа рута, благодарејќи на санкциите и многу креативно планирање е над 15.000 километри

Подземната железница во Гуангџоу

Градот има меѓу 16,5 и 18,5 милиони жители, и за нив имаат изградено метро со 16 линии (плус три планирани), што достигнува брзина од 160 километри на саат, разнесува луѓе меѓу 294 станици и изгледа како од научно-фантастичен филм.

Етничките стереотипи на НАТО

Своевремено Алијансата официјално има направено шаљива но глупа мапа на етнички стереотипи за тоа како изгледа еден совршен припадник на НАТО. По една иронична карактеристика за секој народ, како што тоа би личело за муабет пред кооперација. Мапата гордо има висено по канцеларии на НАТО.

Да не ти се случи белја на интернет

Девојката решава да сними видевце за на интернет, се исправа и си ја ѕвизнува половината на крветот позади неа, притоа испуштајќи краток звук на доживеана болка. Сосема доволно интернетот да ја фати во машина.

Една секунда Битлси

Џек Вајт демонстрира еден импресивен скриен талент. Дечкото може да погоди за која песна од Битлси се работи и за тоа му е доволно да слушне само една секунда од песната. Има луѓе што вака знаат и за Аца Лукас, ама тоа е сега друг проблем. 

Маскота задолжена за Бајден

Само што почна да оди надвор од скриптата и да мумла нешто „од глава“ за Авганистан и Пакистан, на американскиот претседател му дојде надлежна маскота и ефикасно го пренасочи во друг правец. Прес секретарот? Шефот на кабинетот? Или па луѓето од неговиот круг се менуваат кои дента да бидат маскирани а кои во цивилка?

Падот на маршал Жуков

Георги Константинович Жуков е еден од најбрилијантните воени умови и стратези од Втората светска војна под чие водство Црвената армија ги одбрани Ленинград, Сталинград и Москва, ја водеше битката за Курск, го држеше белорускиот фронт, ги протера нацистите, го освои Берлин и го прими документот за германска капитулација. Во 2022 година, украинската армија во Харков реши дека тоа не е доволно за споменик.

Барем Германецот историски се разбира кој е човек, кој не е, кој е Европеец, кој не е

Германскиот политиколог Флоренс Гауб деновиве изложи една своја (веројатно до сега потисната) теорија дека Русите иако изгледаат како Европејци, тие не се баш Европејци, па затоа ни нивната смрт не е многу европска.

И на крај верверицата го изеде желадот

Дизни објави дека го затвора студиото „Blue sky“ кое стои зад целиот серијал и се под името „Ice Age“. За одјава Блу скај објави видео што ја затвора целата приказна.

Примате ли нарачки?

Се вика Френк Тедеско и на луѓето или им изнудува или насмевка или пак паѓање на вилицата. Затоа што им исполнува музичка желба, тоест им свири песна по нарачка. Ако не ја знае, ќе ја побара на Јутјуб, ќе ја чуе и ете му ја во прсти. Жестоко талентиран.

Бајден со подрасипан авто-пилот

Го заврши говорот, му пружи рака на некој кој само ние не го гледаме и после реши да се промува наоколу. Музиката која ја препознаваме главно од Монти Пајтон само ја надополнува совршеноста на оваа сцена.

Здраворазумници

„Нас двајцата нè гледаат како здраворазумници и мислам дека токму за тоа има најголем глад во Америка. Кога луѓе ќе ми кажат ’не ли мислиш дека си станат поконзервативен’, не, не сум. Левицата стана поблесава, па затоа јас можеби изгледам поконзервативен. Ама не сум јас тој што се променил,“ ќе му каже Бил Маер на Џо Роган во новото гостување на подкастот.

Не ви личи ли ова на сцена од „Hunger Games“?

Моментот кога првиот човек на Европската комисија треба да ја соопшти цифрата на собрани донации од кампањата „Stand up for Ukraine.“ Урсула Фон Дер Немање Усул го прави тоа така неумесно со оглед на трагедијата за којашто се собираат парите, што сцената повеќе личи како да најавува главна награда на некое простачко реално шоу.

Џо „гаф до гаф“ Бајден

Може ако Бајден проба никогаш повеќе да не зборува јавно без да чита од збор до збор тоа што му е напишано народ и нема да се чувствува како светот да го води речиси 80-годишен пензионер. Рака на срце, мора да му се признае дека добро се држи за годините.

50+

Е, a тогаш доаѓа педесеттиот. И прашањето: каде сум сега, во која доба сум? Се чувствувам како заробен во временска замка. Премногу стар за да бидам млад, и премногу млад за да бидам мудар.

Руската страна на рубљата

Наспроти западниот речиси униформен финансиски консензус од почетокот на руската инвазија дека рубљата брои ситно пред тотален крах, последниве недели нивниот впечаток се промени, па сега се зборува дека ок рубљата преживеа, ама тоа не значи дека економијата нема да настрада до крајот на годината. Руската РТ состави свое видување за досегашната издржливост на националната валута.

Таблата од Катјoжанка

Катјoжанка е село во околина на Киев кое првично беше освоено од руската армија, за потоа повторно да им биде предадено на украинските сили по повлекувањето на Русите. На интернет се појави слика од пораката до украинските деца што руските војници ја испишале на една од таблите во училиштето во Катјoжанка.

Во Шангај станува неподносливо напнато

Кина и понатаму инсистира на својата политика на „нула ковид“ па заради десетици случаи во градот, ги стави сите 25 милиони жители на Шангај во карантин, и како ретко кога во изминативе 2 години лошо го изменаџира целиот карантин и логистиката околу него. Посебно околу храната. Моментално во градот врие како во котел.