Руската страна на рубљата

Наспроти западниот речиси униформен финансиски консензус од почетокот на руската инвазија дека рубљата брои ситно пред тотален крах, последниве недели нивниот впечаток се промени, па сега се зборува дека ок рубљата преживеа, ама тоа не значи дека економијата нема да настрада до крајот на годината. Руската РТ состави свое видување за досегашната издржливост на националната валута.

Русија не направи ништо револуционерно, освен што реши да ја врзе вредноста на рубљата со златото, 1 грам злато = 5.000 рубљи (5.000 рубљи моментално се околу 55 евра), и со цената на нафтата. Односно како што објаснуваат од РТ: „злато за рубљи, рубљи за гас“.

Ваквата поставеност и дозволува на Русија да прифати и злато за меѓународните плаќања за природен гас.

„Замислете Русија да даде понуда од 1 грам злато за 1 барел нафта. Попуст кој звучи премногу привлечно.

Што се случува следно? Купувачите почнуваат да купуваат физичко злато за да платат за увозот на нафта. Побарувачката ја крева цената на златото, а ако расте цената на златото, расте  и вредноста на рубљата,“ разработува РТ едно од сценаријата за одржување на рубљата.

12 април 2022 - 11:42