Блер Вајт му е мајката

Блер Вајт е супер противотров за сите оние транс фолирања, БЛМ теми и хистерици кои себе се сметаат за воини за социјална правда. Цаката кај неа е што и самата е трансџендер па не може да ја обвинат за трансфобија. Па затоа, на маж кој се жали на ПМС болки, глатко му вика да не се секира, пошто најверојатно само му се сере.

Неколку поенти од Блер Вајт:

* Четиригодишно дете трансџендер е исто како мачка- веган. Точно знаеш дека некој друг ја донел одлуката.

* Милиони луѓе не видоа никакво црвено светло дека биле манипулирани за време на ковид кризата. Тие луѓе повеќе ме секираат отколку оние што манипулираат.

* Пред некое време ми пријде дама и ми збореше „колку е тажно“ што деца во Тексас веќе не можат да одат на транс-операции. Очекуваше да се согласам. Претпоставката дека јас поддржувам промена на пол кај деца само затоа што јас сум транс, за мене е понавредлива од кое било трансфобично срања кое може да го смислите.

* „Престанете да ширите дезинформации!“ ти вика лик кој во фаца ти тврди дека постојат 97,5 родови.

 

* Кајл Ритенхаус уби педофил кој малтретираше пет момчиња. Ајде да научиме да кажеме „благодариме“ и да продолжиме со животите.

* Бели либерали: „Погрешното изговарање е буквално насилство“.
Исто бели либерали: на сите латиноси им се обраќаат со латинкс, иако овие го мразат тоа.

11 минутно видео со Блер Вајт која на ЛГБТ прајд прашува луѓе колку родови постојат.

Овде е на Твитер, овде кај Џо Роган.

 

 

27 април 2022 - 13:20