Во 76,7% од домовите низ Европа нема деца
23 November 2026
- Уделот на домаќинствата низ ЕУ со барем едно лице помладо од 18 години паднал на 23,3% – најниското ниво што некогаш е забележано откако во 2010 година Еуростат почнал да води статистика.
- Бројот на вакви домаќинства постојано се намалува во изминатите 15 години. Во 2010 година во ЕУ имало 26,9% домаќинства со барем едно дете, во 2015 имало 25,9%, а во 2020 година 25%.
- Според податоците за 2025 година, деца најчесто има во домаќинствата во Словачка (35,4%), во Ирска (30,8%) и во Кипар (28,2%). Најмалку ги има во Финска (18,2%), во Литванија (18,4%) и во Германија (19,9%).
- Домовите со самци сега се најчести низ ЕУ, дури 37,5%. Најмногу ги има во Литванија, над 60%. Процентот на домови во кои двајцата родители живеат со деца се намалил на 14,7%.
-
Во Македонија од вкупно 595.600 домаќинства, 393.400 биле без деца, а 202.200 со издржувани деца. Просечниот број деца по домаќинство изнесувал 0,6, што претставува намалување од 2015 година, кога бил 0,8. Просечната големина на домаќинството во земјава изнесувала меѓу 3,1 и 3,2 члена, што е повеќе од европскиот просек од околу 2,3 члена.