Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Руски воен брод во Либија бил нападнат со дронови од Албанија?

23 November 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Руски воен брод во либиското пристаниште Бенгази бил нападнат со дронови лансирани од Албанија, објави порталот Clash Report, близок до властите во Анкара. Анонимни извори на порталот ги отфрлаат како „обид за одвлекување на вниманието“ претходните вести дека дроновите биле пуштени од западна Либија.
  • Агенцијата Асошиетед прес претходно објави дека нападот врз руската корвета „Меркури“ го извршиле украински експерти за беспилотни летала од базата Мисрата, врз основа на таен договор со признаените либиски власти. 
  • Ниту еден од овие извештаи не е потврден од независен извор, ниту од Москва или Киев.
  • Ова би претставувало еден од најоддалечените удари на Украина врз руски воен брод – илјадници километри од нејзините граници.
  • Меѓународно признаената либиска Влада со седиште во Бенгази соопшти дека прелиминарните наоди укажуваат на „напад со беспилотно летало врз руски брод што се враќа во Русија“. Не го именуваше бродот, ниту обвини некого.

извор

Nvidia го врати Хуанг за директор

23 November 2026
  • Share
  • Post
  • Управниот одбор на Nvidia го врати Јенсен Хуанг за извршен директор и претседател на одборот, иако до пред неколку дена тврдеше дека тоа нема намера да му ги врати позициите на основачот на компанијата.
  • Веднаш по објавувањето на ненадејната одлука, цената на акциите на Nvidia скокнаа за 33%. 
  • Хуанг поднесе оставка претходната недела по откривањето на вонбрачни врски со Кинескиња за која се тврди дека е шпион на Пекинг и со уште една жена вработена во компанијата, која хиерархиски му е директно подредена.
  • По консултациите со високи функционери во владата на САД, одборот едногласно одлучил Хуанг да продолжи да ја води компанијата.
  • Претседателот Доналд Трамп ја поздрави одлуката на Nvidia. Во изминатата недела тој беше најгласен во повиците Хуанг да продолжи да го води најголемиот производител на чипови и воедно највредната компанија во светот.
извор

Во 76,7% од домовите низ Европа нема деца

23 November 2026
  • Share
  • Post
  • Уделот на домаќинствата низ ЕУ со барем едно лице помладо од 18 години паднал на 23,3% – најниското ниво што некогаш е забележано откако во 2010 година Еуростат почнал да води статистика.
  • Бројот на вакви домаќинства постојано се намалува во изминатите 15 години. Во 2010 година во ЕУ имало 26,9% домаќинства со барем едно дете, во 2015 имало 25,9%, а во 2020 година 25%.
  • Според податоците за 2025 година, деца најчесто има во домаќинствата во Словачка (35,4%), во Ирска (30,8%) и во Кипар (28,2%). Најмалку ги има во Финска (18,2%), во Литванија (18,4%) и во Германија (19,9%).
  • Домовите со самци сега се најчести низ ЕУ, дури 37,5%. Најмногу ги има во Литванија, над 60%. Процентот на домови во кои двајцата родители живеат со деца се намалил на 14,7%.
  • Во Македонија од вкупно 595.600 домаќинства, 393.400 биле без деца, а 202.200 со издржувани деца. Просечниот број деца по домаќинство изнесувал 0,6, што претставува намалување од 2015 година, кога бил 0,8. Просечната големина на домаќинството во земјава изнесувала меѓу 3,1 и 3,2 члена, што е повеќе од европскиот просек од околу 2,3 члена.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Записи од српската еуфорија

Балканштина
2

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Балканштина
3

Кај ти текнуваат такви работи?

Забава
4

Патријархатот прво ги осакатува машките

Разно
5

Има нешто данско во државата Данска

Разно
6

(Само) Дино Мерлин би рекол: Шилегов, врати се!

7

Е не, ко оние здрвените во Париз и Милано

Видео
8

Кога жените ќе стивнат

Македонштина
1

(Само) Дино Мерлин би рекол: Шилегов, врати се!

2

Во 76,7% од домовите низ Европа нема деца

3

Руски воен брод во Либија бил нападнат со дронови од Албанија?

4

Nvidia го врати Хуанг за директор

5

Европа чека на инцидент што би оправдал војна против Русија

Свет
6

Германски железари гасат печки поради скапата струја

Свет
7

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
8

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Спремајте се, доаѓа време на слави

Балканштина

Правда за Ружа!

Балканштина

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Македонштина

Некои протестираат против миграцијата, некој против војните...

Балканштина

Мали тајни на хрватските мајстори на заверите

Македонштина

Кога жените ќе стивнат

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Vladimir, One of Us!

Кого сè ние плаќаме

Едно писмо од Македонија до Папата кое остана неодговорено

Од кај ми пари да банкротирам?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy