Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Странски криминалци ги преполнија затворите во Финска

19 September 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Поради преполнетост на затворските капацитети, Финска бара правна рамка за да префрла осудени криминалци да ја отслужуваат казната во странство. Тоа подразбира и странските затвореници да бидат префрлени во ќелии во нивните матични земји.
  • Хелсинки ги разгледува опциите на Шведска - која од август почна да префрла свои осуденици во затвор во естонскиот град Тарту, или на Данска - која во десетогишен договор од 210 милиони со Косово изнајми 300 ќелии во затворот во Гњилане.
  • Според податоци на Службата за затвори и условна слобода, во Финска има околу 3.900 затвореници, од кои 950 се странски државјани.
  • Бројот на странски затвореници е зголемен за 76% изминатата деценија, а бројот на фински затвореници во истиот период е намален.
  • Најголем дел од странските затвореници отслужуваат казни за кривични дела поврзани со дрога (49%), за сексуални престапи (21%) и за убиства (10%).
извор

Трамп им забрани пристап на CNN, MSNBC и Politico во Белата куќа

19 September 2026
  • Share
  • Post
  • Претседателот Доналд Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MSNBC и Politico поради „објавување лажни вести“. Се закани дека ќе блокира и други медиуми за кои ќе оцени дека известуваат „неповолно“.
  • „Нешто не е во ред со земја што дозволува луѓе намерно да пишуваат негативни извештаи. Ако сакаат да ги пишуваат, во ред. Не морам да ги пуштам во домот на народот... Тоа е многу едноставна забрана. Не ги сакам во мојата канцеларија“, изјави Трамп.
  • Тој додаде дека забраната важи веднаш, но би можела да се укине ако трите медиуми „се поправат и објавуваат поповолни извештаи“.
  • Новинари од CNN, MS NOW и Politico сè уште беа во кругот на Белата куќа кога Трамп ја објави забраната, без никакви знаци дека ќе бидат отстранети.
  • „Според Уставот на САД, имаме право да известуваме без попречување или мешање од владата. Ако се спроведе забраната со која се закани претседателот, тоа би претставувало незаконски напад врз фундаментално и уставно загарантирано право“, објави CNN.
извор

Трамп постигна договор со Данска за Гренланд

19 September 2026
  • Share
  • Post
  • САД, Данска и Гренланд постигнаа договор за трајно и ексклузивно американско воено присуство на огромниот дански остров богат со руди.
  • Детали од договорот не се познати, но во основа САД ќе имаат еднострано право да градат воени објекти без да бараат одобрение од Гренланд или Данска. Договорот нема временско ограничување и ќе важи дури и ако автономниот регион во иднина стекне независност.
  • Вашингтон ќе има право да блокира проекти и инвестиции на островот за кои ќе оцени дека ги загрозуваат интересите на САД“.
  • САД веќе имаат речиси целосни права за прелет и за користење бази на Гренланд, врз основа на договор од 1951 година. Сепак, Трамп во својот втор мандат упорно се закануваше дека ќе го анектира островот или бараше да го купи од Данска заради зајакнување на стратешката безбедност на САД.

  • Данската премиерка Мете Фредериксен оцени дека договорот „ја зајакнува заедничката безбедност на Арктикот“ и дека ќе биде потпишан на Генералното собрание на ОН идната недела.
  • Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, изјави дека договорот ги уважува интересите на автономната територија.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина
4

Да си знаат

Македонштина
5

„Маж ми нема другари“

6

Дарко Лешоски: Зошто уште го правите ова? До кога?!

Разно
7

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина
8

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
4

Што толку згреши ЕУ за да ја заслужи Урсула?

Мислења
5

Трамп сака бизнис со Москва пред да заврши војната

Свет
6

Англиканската црква ја повлече наградата за пакистанскиот имам

7

ЕСМ: Милионски договори за осигурување, милионски провизии за посредници

8

Фицо: Словачка нема да војува поради Членот 5 на НАТО

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да си знаат

Балканштина

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина

Оние што се по ЈУС уште траат

Македонштина

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина

„Жртва“ на денот

Балканштина

Чуда на диетата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Краставица? Не, благодарам

Прочуен македонски специјалитет

Тоа се тие формули

Отиде и Влада Дивљан

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy