- На 17 септември 2004 година, во Скопје, прерано згасна животот на Даниел Михајловски, еден од најдобрите и најдоследни македонски музички новинари и критичари.
- Роден во Штип на 9 мај 1976 година, Михајловски зад себе остави пишан збор кој и денес може да се чита како сведоштво за едно време, но и како пример за тоа што значи да се биде храбар, објективен и бескомпромисен новинар.
- Смртта го затекна како уредник на „Ритам“, неделникот што излегуваше како додаток во дневниот весник „Време“. Претходно беше во Дневник.
- Му имавме отворено рубрика за негови колумни на нашиот претходен сајт, Он.нет (2000-2012). Жестоко, искрено и без пардон. Некои мустри од музиката за кои пишуваше лути му доаѓаа на работа „за машки да се разберат.“
- Го сакаше Ацо Шопов, Азра, Васил Хаџиманов....
- Прекрасно другарче, прекрасен човек.
- Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека Ерусалим се залага за воспоставување врски со Австриската партија на слободата (FPÖ), која е основана од поранешни нацисти, но во изминативе години сè повеќе зазема цврст произраелски став.
- Сар го поздрави говорот на лидерот на FPÖ, Херберт Кикл, кој ја поддржа десничарската агенда на израелската влада. Партијата го осуди терористичкиот напад на Хамас од 2023 година, ја усвои дефиницијата со која критикувањето на Израел се изедначува со антисемитизам и ја призна „историската поврзаност на еврејскиот народ со Јудеја и Самарија“ (библиското име за Западниот Брег).
- Еврејската заедница во Австрија ја отфрла FPÖ поради политичките корени на партијата. Нејзиниот прв лидер, Антон Рајнталер, беше поранешен нацистички функционер и офицер во единиците СС.
- Во 2000 година, кога партијата првпат влезе во австриската влада, Израел во знак на протест го повлече својот амбасадор и го намали нивото на дипломатските односи.
- Главата на англиканската заедница во светот, надбискупката Сара Мулали ја повлече наградата за имамот Хафиз Мухамед Тахир Мехмуд Ашрафи, откако на површина излегоа негови оценки за Осама Бин Ладен во минатото.
- Наградата на имамот му беше врачена на 25 годишнината од 11 септември, заради неговиот придонес кон заштита на религиозните малцинства во Пакистан.
- Не требаше многу време да се открие дека во 2007-ма, истиот имам го величал Осама Бин Ладен и го нарекол „Божји меч“ кој „им служел на муслиманите водејќи џихад против неверниците“.
- Овој рече дека бил изваден од контекст. Пишурија.