Во разговор за „Плаза Депортива“, Столе Димитриевски раскажал дека него, екипата и целиот клуб ги чека крајно емотивна сезона затоа што Валенсија ќе ги одигра последните 12 месеци на култниот стадион „Местаља“ кој оди во историјата.
Овој фудбалски храм ќе биде урнат и на исто место ќе се гради ново и модерно здание кое ќе се вика „Нова Местаља“.
„Ни следи многу посебна, тажна но и емотивна сезона за сите во Валенсија. Тоа е мешавина од емоции. „Местаља“ е неверојатен стадион, тоа е стадионот кој најмногу ме импресионираше од сите други кога доаѓав и како гостин“, вели македонскиот репрезентативен голман и продолжува:
„Мора да дадеме се од себе за да ја испратиме последната година на „Местаља“ онака како што доликува. Нашата публика заслужува добра последна сезона на „Местаља““.
Во однос на целите и амбициите во новата сезона, Димитриевски вели:
„Ако ги подобриме настапите во првиот дел од сезоната и играме како во вториот дел од сезоната, може да веруваме во такво нешто. Треба да одиме од натпревар во натпревар и да почнеме добро од старт. Тоа ќе биде многу важно за да се оствари целта“, вели македонската репрезентативна единица.