Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Изложба на фотографии од тажачките кои етнологот Васил Хаџиманов ги снимил по скопскиот земјотрес

25 July 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
  • Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
  • Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и  дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата  „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.
извор

„Лажливиот професор од Кембриџ“ пронајден мртов

15 August 2026
  • Share
  • Post
  • Џејсон Ардеј (41), поранешен професор на Универзитетот во Кембриџ, кој неодамна се најде среде скандал поради голем број сомнителни моменти кои довеле до негово назначување за професор по социологија на образование во оваа институција, е пронајден мртов во јужен Лондон во петокот (14.08.) навечер. 
  • Неговото семејство изјавило дека „кампањата од дезинформации“, поврзана со обвинувања за плагијат на неговиот докторат и измислување биографски детали, поради кој неодамна поднесе оставка, е виновна за смртта.
  • За Ардеј и целиот случај пишувавме тука. 
извор

Македокс бр. 17 од 20-27 август

12 August 2026
  • Share
  • Post
  • Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје.
  • Фестивалот ќе биде отворен на 20 август во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Во целокупната програма на фестивалот се предвидени проекции на 71 филм.
  • Фестивалското мото „Само сонот е стварност“ е наслов на песна од Тин Ујевиќ, но и на книга на една од нашите најзначајни македонски филмолози и филмски критичарки, Илинденка Петрушева.
  • Земја во фокус годинава е Шпанија со избор од најавтентичните и највозбудливите остварувања на тамошната современа документарна сцена. Програмата се одликува со силен авторски печат, визуелна смелост и тематска разновидност, а ќе вклучи и избор на кратки документарни филмови од Канарските Острови и експериментални краткометражни дела од Перу.

Целата програма по денови тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Како стигнавме од вакви луѓе до Боки 13?

Македонштина
2

Изгледа им ставаат чубрица во узото

Македонски рулет
3

Трактористот кој го победи пожарот

4

Домот нè издава дека имаме проблем

5

Ве молиме послушајте ја

Македонштина
6

Крстозбор: Вид овца со шест букви?

Балканштина
7

Сомелиер на денот

Балканштина
8

Русјаков: Нордистански окултизам и култот на божицата Брусела Шахта

1

Серијата „Одисеја“ на РАИ од 1968 или го заборавивме Беким Фехмиу

Гледанка
2

Нов Музеј на балкански хумор во Љубљана - „јебига“ како културен феномен

Bookbox
3

Јанис Варуфакис: Наследниците на Агамемнон се во Силициумската Долина

Bookbox
4

„Лажливиот професор од Кембриџ“ пронајден мртов

5

Индустријалец, политичар, визионер: кој бил Емерик Блум?

Bookbox
6

Кога познатото одеднаш ни изгледа туѓо: необичниот феномен „жаме ву“

Bookbox
7

Нова видео игра - „Докажи дека си човек“

Bookbox
8

Македокс бр. 17 од 20-27 август

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Па уште се снимала „жртвата“ со мокра коса

Македонштина

Како стигнавме од вакви луѓе до Боки 13?

Македонштина

Ве молиме послушајте ја

Балканштина

Крстозбор: Вид овца со шест букви?

Балканштина

Пазете ја седмицата

Македонштина

Кога песна ќе погоди словенска душа

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Правда за Трамп

Мухамед сака да се пребројуваме

Демек кого на Косово ќе го изгорат, и на Македонија ќе треба да дува?

Како да пиете за Нова Година а да не бидете "оној кој се уби"

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy