
На пример, сите рамни површини во домот (наткасни, трпезариски маси, комоди, работни површини во кујна, шанкови, машина за перење, што и да е) се претворени во простор за складирање. Ова покажува дека повеќе работи влегуваат отколку што можеме да поднесеме, а не излегуваат колку што треба.
Си правиме проблем и ако имаме креденец или плакарче „за секој случај“, полно со предмети или садови што „ќе се најдат“, веројатно за „кога ќе дојде кралицата“, или некои посериозни гости што никако да нè фати мерак да ги викнеме. А реално, повеќе зафаќа простор отколку што вреди да се чува.
Или - ако не можете да паркирате во гаража. Гаражите се за коли, не за „уште оваа кутија и ќе почнам да средувам“, што притоа нема ни да биде отворена во наредните неколку години.
Потоа, дали имате слободна соба што допрва треба да се претвори во нешто, ама е со години „магацин“? Е па, и тоа не бива. Не знаете веќе ни што има таму и што ќе најдете ако успеете да ја отворите вратата од ствари.
И на крај, дупликати од еден куп предмети, затоа што од горенаведените причини не можете да си го најдете и тоа што го имате. Се разбира дека не ви требаат 2 четки за глазура и три ножа за леб во кујна.
И ако се фатите како купувате уште елементи за складирање - запрете. Решението не е во нив, туку во расчистување на нештата. Сето ова не е red flag лично за вас како личност, туку за домот и е доказ дека негде се имате заглавено. И не е страшно, само треба човек полека да почне да се одглавува.
За почеток, подарете ја четвртата кутлача на некој близок.