Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Холандија повлече 86 тони златни резерви од САД и Канада

3 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Централната банка на Холандија во сложена операција од неколку месеци повлекла 86 тони злато од трезорите во САД и Канада и ги префрлила во Лондон и Холандија поради „зголемените геополитички тензии во Северна Америка“.
  • Во периодот од март до август, вкупно 27 тони златни резерви биле префрлени од Њујорк и Отава во домашниот трезор во Зајст, а исто количество било преместено во Лондон. Не е објавено како златните прачки биле транспортирани преку Атлантикот.
  • Преостанатите 29 тони биле продадени во Њујорк и со парите повторно било купено злато во Лондон.
  • „Со златото што се чува во Банката на Англија најлесно се тргува во светот и тоа е подостапно во случај на криза... Претпоставуваме дека никогаш нема да имаме потреба да го употребиме златото, но сепак е неопходно да ја зајакнеме нашата отпорност и подготвеност“, изјави Олаф Слејпен, претседател на Централната банка на Холандија.
  • Вкупните холандски резерви на злато на крајот на 2025 година изнесуваа 612,4 тони и беа проценети на 72,2 милијарди евра. Пред трансферот, DNB чуваше 31,3 % од своите златни резерви во Њујорк и 19,7 % во Отава. Сега тој удел е намален на 18,5 % во двете земји.
  • Директорот на Goudwisselkantoor – холандска аукциска куќа специјализирана за продажба на злато, накит, дијаманти, монети и банкноти – во јануари предупреди дека Трамп би можел да ги блокира златните резерви на Холандија што се чуваат во САД, да воведе дополнителни царини или да ја одложи исплатата со децении“.
извор

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

15 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
  • Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
  • Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
  • Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
  • Кој стои зад сето тоа? Антропик.

 

извор

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

15 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
  • Галего, кој пред да влезе  во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
  • „'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
  • Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Стоката излегла во парк

Македонштина
4

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
5

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
6

После победата доаѓаат прашања

Мешано
7

Цена на злото

Балканштина
8

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

4

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

5

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
6

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

7

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
8

Хуанг и министерот Лутник повикани на сослушување пред Конгресот

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Стоката излегла во парк

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Не постои такво нешто како "дроља"

Двајца без тројца

Забораваме за да не полудиме

Шарените во две илјади ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА година

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy