- Митко Трајчулевски, пратеник на СДСМ: „Со Стоилковиќ како министер, „српскиот свет“ добива губернатор во 80 македонски општини“.
- Христијан Мицкоски, премиер: „Не ви пречеше Стоилковиќ кога го молевте да гласа за промена на името. Не ви пречеше да трчате на бања да го убедувате и да нудите сѐ и сешто за да гласа за промена на името. Тогаш не ви пречеше Иван Стоилковиќ? Не ви пречеше кога трчавте по Скопје и по Куманово да го молите, да коленичите пред Иван Стоилковиќ да гласа за промена на името? И знам дека ве одби човекот затоа што има карактер, има достоинство“.
- Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
- Судијката Даниела Алексовска објасни дека ослободителната пресуда е директна последица на законските измени од 2023 година, а не на различна оценка на доказите.
- Според Судот, иако претходно истите докази биле доволни за да се утврди злоупотреба на службената положба, по законските измени тие не биле доволни за да се докаже кривичното дело пречекорување на службените овластувања.
- Трошоците за судската постапка паѓаат на Буџетот на државата. Судот го одби и предлогот на Обвинителството за конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
- Предметот „Талир 2“ повторно беше отворен по одлуката на Апелацискиот суд од јануари 2024 година, кога првостепената пресуда беше укината поради измените на Кривичниот законик. Во првото судење во 2022 година Груевски беше неправосилно осуден на 6 години затвор, но постапката беше вратена на повторно судење.
- Американски федерален суд пресуди дека има основа за покренување тужби против фармацевтската компанија Кенвју во врска со тврдењата дека нејзиниот лек против болки Тиленол може да предизвика аутизам.
- Окружниот апелационен суд во Њујорк објави дека судијата од понискиот суд немал основа да го исклучи сведочењето на Андреа Бакарели, декан на факултетот за јавно здравје на Универзитетот Харвард, бидејќи наводно не одразувал сигурна примена на научни методи.
- „Ова е оправдување за научните докази што нашите клиенти ги презентираа од почетокот. Со нетрпение очекуваме да ги презентираме тие докази пред поротата“, изјави Ешли Келер, адвокат што застапува група тужители.
- Претседателот Доналд Трамп лани им советуваше на бремените жени да не го користат лекот против болки. Обвинителот на Тексас поднесе тужба.
- Ризиците од Тиленол ги открил првичниот производител Johnson & Johnson, но избегнал да објави предупредување на пакувањето, туку го издвоил своето Одделение за здравје на потрошувачите во нова компанија Кенвју, со што практично ѝ ја префрлил и одговорноста.