Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Вардар вечерва излегува на европска сцена, на „Градски“ доаѓа финскиот шампион

7 July 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Фудбалерите на Вардар вечерва после долго чекање конечно ќе заиграат пак во еврокуповите. Македонскиот шампион од 19 часот на „Градски“ во Скопје го пречекува финскиот првак КуПС во рамки од 1. квалификациско коло за Лига на шампиони.
  • Вардарци неодамна се вратија од подготовки во Италија, а со оглед на тоа што финската лига веќе е во полн ек односно одиграни се 15 кола а КуПС е прв на табела, тоа значи дека црвено-црните ќе имаат тешка задача.
  • Купс минатата сезона испиша клупска историја, настапи за првпат во Конференциска лига каде стигна до плејофот и тоа е нивен најголем успех во Европа.
  • Пренос од натпреварот ќе има на АренаМ3 Премиум. Цената на влезници е 200 денари и може да се купат тука.
извор

Се разделија Нагелсман и ДФБ, Германија ќе ја води познат шмекер

3 July 2026
  • Share
  • Post
  • По новиот дебакл на германската фудбалска репрезентација која после два Мундијали на кои испаѓаше во групи сега се посрамоти и во 1/16 финале испадна од Парагвај, очекувано селекторот Нагелсман си оди.
  • Германскиот фудбалски сојуз (DFB) во состав претседател Бернд Нојндорф (64), шефот на Бундеслига Јоаким Вацке (67), спортскиот директор Руди Фелер (66) и генералниот секретар на Федерацијата Андреас Ретиг (63) објави дека го раскинува договорот со 38-годишниот тренер кој беше селектор од септември 2023-та. Под негово водство Германија стигна до 1/4 финале на Евро 2024 и испадна од Светско 2026 во 1/16 финале.
  • Германската фудбалска федерација на барање на целокупната тамошна јавност почнува преговори со Јирген Клоп (59) кој би требал да стане нов селектор на Националмајншафт.
  • „Неколку дена по нашето испаѓање, многу размислував и се советував со луѓето од доверба, како лично така и во федерацијата. Оваа одлука не беше лесна за мене. Мој главен приоритет секогаш бил успех на репрезентацијата. После такво горко разочарување, тие заслужуваат шанса да почнат се од почеток. Сакам да му се заблагодарам на својот стручен штаб и сите во федерацијата кои не поддржуваа нас, посебно играчите со кои имав чест да работам.

    Посебна благодарност и до навивачите. Вие не поддржувавте, верувавте во нас, ни дававте енергија во тешки времиња. Искрено ми е жал што ве разочаравме и не ви подаривме незаборавни фудбалски ноќи на ова Светско првенство. Вие заслужувате повеќе“, рекол Нагелсман по разделбата со федерацијата.

извор

Матановиќ: Почувствував мал допир со топката по коса

3 July 2026
  • Share
  • Post
  • Со влезот во второ полувреме, Игор Матановиќ ја освежи играта на хрватската фудбалска репрезентација против Португалија, но на крајот, токму неговиот минимален допир со топката во 13-та минута од судиското продолжение беше причината голот на Гвардиола да биде поништен.
  • Што се случи во таа последна ситуација од натпреварот? Дали ја допревте топката? Што рече судијата?
  • „Искрено, мислам дека почувствував мал допир со топката на косата, а потоа го прашав судијата што е тоа. Не бев 100% сигурен дали ја допрев. Тој рече нешто како да имале чип во топката и дека виделе дека имало контакт, а потоа било офсајд и тоа е тоа.

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

ФИФА образложи зошто бил поништен голот на Хрватска

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Зелениот кинески ѕид околу пустините расте побрзо од другите шуми

Разно
2

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

3

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Македонштина
4

Ибрахимовиќ за Бразил - Норвешка

Фудбал
5

Новите руски војници во просек преживуваат 35 минути борба на фронтот

Свет
6

Дискутабилни совети за бавча

Балканштина
7

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
8

Легендарниот дуел Работнички - Партизан во Скопје пред европската титула на црно-белите

Кошарка
1

Ибрахимовиќ за Бразил - Норвешка

Фудбал
2

Легендарниот дуел Работнички - Партизан во Скопје пред европската титула на црно-белите

Кошарка
3

Португалските коментатори со суровата вистина за Роналдо

Фудбал
4

Супер натпревар на Ацтека, Англија со играч помалку оди во четвртфинале

Фудбал
5

Фото на денот

Фудбал
6

Што е со шегава на селекторот на Мексико?

Фудбал
7

Шпанија во судиско продолжение го урна сонот на Роналдо и Португалија

Фудбал
8

Славјето на Норвежаните и честитки од принцезата

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

„Важно се сеќавате на убавите спомени“

Македонштина

Богати и славни

Македонштина

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Invest in grammar

Плоштадот комплетиран

Манифестот на другар ни Тоше

Купи куќа, купи Стојадин

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy