Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Се разделија Нагелсман и ДФБ, Германија ќе ја води познат шмекер

3 July 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По новиот дебакл на германската фудбалска репрезентација која после два Мундијали на кои испаѓаше во групи сега се посрамоти и во 1/16 финале испадна од Парагвај, очекувано селекторот Нагелсман си оди.
  • Германскиот фудбалски сојуз (DFB) во состав претседател Бернд Нојндорф (64), шефот на Бундеслига Јоаким Вацке (67), спортскиот директор Руди Фелер (66) и генералниот секретар на Федерацијата Андреас Ретиг (63) објави дека го раскинува договорот со 38-годишниот тренер кој беше селектор од септември 2023-та. Под негово водство Германија стигна до 1/4 финале на Евро 2024 и испадна од Светско 2026 во 1/16 финале.
  • Германската фудбалска федерација на барање на целокупната тамошна јавност почнува преговори со Јирген Клоп (59) кој би требал да стане нов селектор на Националмајншафт.
  • „Неколку дена по нашето испаѓање, многу размислував и се советував со луѓето од доверба, како лично така и во федерацијата. Оваа одлука не беше лесна за мене. Мој главен приоритет секогаш бил успех на репрезентацијата. После такво горко разочарување, тие заслужуваат шанса да почнат се од почеток. Сакам да му се заблагодарам на својот стручен штаб и сите во федерацијата кои не поддржуваа нас, посебно играчите со кои имав чест да работам.

    Посебна благодарност и до навивачите. Вие не поддржувавте, верувавте во нас, ни дававте енергија во тешки времиња. Искрено ми е жал што ве разочаравме и не ви подаривме незаборавни фудбалски ноќи на ова Светско првенство. Вие заслужувате повеќе“, рекол Нагелсман по разделбата со федерацијата.

извор

Матановиќ: Почувствував мал допир со топката по коса

3 July 2026
  • Share
  • Post
  • Со влезот во второ полувреме, Игор Матановиќ ја освежи играта на хрватската фудбалска репрезентација против Португалија, но на крајот, токму неговиот минимален допир со топката во 13-та минута од судиското продолжение беше причината голот на Гвардиола да биде поништен.
  • Што се случи во таа последна ситуација од натпреварот? Дали ја допревте топката? Што рече судијата?
  • „Искрено, мислам дека почувствував мал допир со топката на косата, а потоа го прашав судијата што е тоа. Не бев 100% сигурен дали ја допрев. Тој рече нешто како да имале чип во топката и дека виделе дека имало контакт, а потоа било офсајд и тоа е тоа.

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

ФИФА образложи зошто бил поништен голот на Хрватска

извор

Наполи има нов тренер

3 July 2026
  • Share
  • Post
  • Фудбалскиот клуб Наполи на својот сајт објави дека Масимилијано Алегри е нов тренер на екипата по заминувањето на Антонио Конте. Алегри минатата сезона го водеше Милан кој долго време беше прв или втор на табела за да на крајот после катастрофални односи меѓу управата и стручниот штаб, росонерите претрпат неколку порази по ред и испаднаа од место во Лига на шампиони.
  • Алегри и целиот стручен штаб добија отказ, заминаа од клубот а сега одат во Наполи.
  • „Наполи му посакува добродојде на Масимилијано Алегри кој ќе ја преземе функцијата тренер на првиот тим. Тренерот потпиша договор кој ќе го обврзува со клубот до 30-ти јуни 2029-та“, соопшти првиот човек на Наполи претседателот Аурелио Де Лаурентис на неговиот Х профил.
  • Алегри ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона, далеку под онаа од 5 милиони која што ја имаше во последната сезона во Милан со кого имаше договор до крај на 2027-ма. Како и во 2014-та така и сега тој го наследува Антонио Конте на клупата, тогаш во Јувентус сега во Наполи.
  • Алегри во 2010-та му го донесе 18-то шампионско скудето на Милан и шестиот трофеј во италијанскиот Суперкуп. Од 2014 до 2019 беше тренер на Јувентус со кого освои 5 шампионски титули по ред, четири Купа на Италија и два Суперкупа на Италија. Два пати ги водеше бјанконерите и до финале на Лига на шампиони.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Почина цајканот од сељаците

Музика
2

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
3

Готово, Мексико го освои Светското

Навивачи
4

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
5

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
6

Реал не чека многу, го зема најдобриот тренер во Европа сезонава

7

Важна информација за битолчани

8

Мајка

Балканштина
1

Готово, Мексико го освои Светското

Навивачи
2

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
3

Реал не чека многу, го зема најдобриот тренер во Европа сезонава

4

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
5

ФИФА образложи зошто бил поништен голот на Хрватска

Фудбал
6

Јокиќ ја сака кафаната и кафаната го сака Јокиќ

Кошарка
7

Белгиските коментатори полудеа на голот во 90-та минута за 2-2

Фудбал
8

Цреповите што втрчуваат во терен а не ги дава камера

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Сол Алински: Правила за радикали

Родени сме да бидеме мрзливи

Hello Gjorgje my old friend*

Резервна женска желба

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy