- Откако ја одигра првата историска сезона без ниту еден освоен трофеј, а како капак на сè сензационално испадна во четвртфинале од доигрувањето за титула во шпанската кошаркарска лига, Реал Мадрид реши да менува.
- „Кралскиот клуб“ решил да се раздели со досегашниот тренер Серџо Скариоло кој има рекордни успеси како селектор на Шпанија. И покрај тоа што првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез му дал поддршка, сепак управата на „кралевите“ го отпуштила и го ангажирала досегашниот тренер на Валенсија Педро Мартинез.
- Мартинез беше прогласен за најдобар тренер за изминатава сезона во Евролига. Со Валенсија го освои шампионскиот пехар откако убедливо во Финалето ја разби Барселона дури 3 пати (3 пати сезонава им даваа над 100+ коша) и стигна до Фајнал Фор на Евролига.
- Валенсија играше сјајна кошарка а сега Реал Мадрид за 1 милион евра го откупува договорот на Педро Мартинез кој ќе склопува нова екипа и ќе ослободни повеќе играчи од досегашниот состав.
- Македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ по настапите за Армани Милано и за Баерн Минхен со кого изгуби во драматичната финална серија за титула во Германија од Алба Берлин, стана нов играч на Арис Солун.
- Димитријевиќ следната сезона ќе соработува со селекторот на Грција и со некогашниот тренер на Монако Василис Спанулис. Целта на богатите сопственици на Арис е солунскиот клуб да го освои трофејот во Еврокупот и преку него да стигне во Евролига.
- Еврокупот следната сезона ќе има 32 екипи поделени во 4 групи а ждрепката за групите е на 8-ми јули. По четири од секоја група ќе се избори за пласман во осминафинале. Целата нокаут фаза ќе се игра до две победи.
- Ненад Димитријевиќ со Арис потпишал 4-годишен договор и во Солун доаѓа да биде еден од главните адути во амбициозниот проект. „Арис со задоволство објавува за потписот на Ненад Димитријевиќ во следните две години. Играчот пристигна од руски Зенит со кого имаше важечки договор“, стои во соопштение на Арис.
- Димитријевиќ минатата сезона ја започна во Милано, но играше во Баерн Минхен на позајмица од руски Зенит. За германскиот гигант одигра 16 натпревари во Евролига со одличен просек од 11 поени, 2,3 скока и 4,1 асистенција со 54% прецизни шутеви за три поени.
- Димитријевиќ е роден во Скопје, висок е 190 сантиметри и игра плејмејкер. Покрај Зенит, Баерн и Милано, во кариерата играше уште и за Хувентуд, Валенсија и УНИКС.
- Македонскиот стручњак Емил Рајковиќ летово ќе учествува на НБА Летната лига, како дел од стручниот штаб на Сан Антонио Спарс.
- Тој веќе е во Тексас каде се почнати подготовките за тоа натпреварување што ќе се одржи од 9 до 19 јули во Лас Вегас. Таму ќе има уникатна можност да учествува во работата на Спарс што не е необично бидејќи НБА екипите секоја година ангажираат европски стручњаци.
- Тоа им се служи за размена на идеи, а на тренерите да видат како се работи во НБА. Рајковиќ ќе биде во улога на гостин-тренер во стручниот штаб на Спарс.