Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Фина финансиска инјекција за Босанците

26 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • ФИФА обезбеди рекорден награден фонд за СП 2026. На репрезентациите што ќе се пласираат во нокаут фазата им се загарантирани најмалку 15 милиони долари како награда за резултатот, покрај претходно платените износи за настап и подготовка.
  • Според пресметките на босанските медиуми, вкупната заработка на Фудбалскиот сојуз на БиХ по пласманот во топ 32 е приближно 19 милиони долари или околу 16 милиони евра, што е најголемата финансиска награда во нивната историја. 
  • Но, приказната не завршува тука. Секој нов чекор носи пари. Пласман во четвртфиналето вреди уште повеќе, додека новиот светски шампион ќе заработи рекордни 50 милиони долари само за освојување на титулата.
извор

Антетокумпо го напушта Милвоки после 13 години

23 June 2026
  • Share
  • Post
  • Падна веројатно најголемата размена на летото на само еден ден пред драфтот на НБА. Иконата на Милвоки Бакс, Јанис Антетокумпо ќе стане новата суперѕвезда на Мајами Хит.
  • Приказната кружи со недели, а имаше и скептицизам околу тоа дали Јанис навистина ќе замине по сите неуспешни обиди во претходните недели. Но, легендарниот Пет Рајли сепак го заокружи доаѓањето на една од најголемите ѕвезди во светската кошарка во тим кој долго време плаче за таква величина во своите редови.
  • Првиот човек на Мајами, претходно донесе асови како Леброн Џејмс, Шекил О'Нил, Крис Бош, Џими Батлер и Алонзо Морнинг, а сега создава моќен тандем кој ќе го сочинуваат Јанис Антетокумпо и Бам Адебајо.
  • Како што објави ЕСПН, Мајами истресе сè што можеше од торбата за да ги добие услугите на Гркот. Бакс во трампата ќе добијат четири играчи: Тајлер Хир, Келел Вер, Хаиме Хакез и Каспарс Јакучионис, како и три избори од првата рунда, вклучувајќи го и овогодинешниот 13-ти избор, плус резервен избор и избор од втората рунда. 
извор

„Немаме обврска да му додаваме на Роналдо“

22 June 2026
  • Share
  • Post
  • Кристијано Роналдо е опседнат со целта наречена 1.000 голови и општо со потребата да даде гол на секој натпревар, посебно на Светско после хет-трик на Меси. Задача да се правда и да го правда него на оваа тема на прес доби Франсиско Консеисао.
  • „Немаме никаква обврска или потреба да му ја додаваме топката. Кристијано е пример поради гладот ​​што го покажува секој ден, како да му е последен натпревар“.
  • „Јас ја додавам топката на оној кој мислам дека е во поповолна позиција во тој момент. Не е дека имам време да размислувам кој е соиграчот до мене. Мислам дека сè правиме по инстинкт. И секако, Кристијано е тука да помогне, исто како и секој друг играч во националниот тим.“, вели 23 годишниот Консеисао, син на познатиот Серџо Консеисао кој играше за Португалија на СП 2002.

Анри: „Не е работата ти да дадеш гол“ 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Кавадарци да намали со ракијата

Македонштина
2

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Разно
3

Како правилно се пишува: Тетово или Техеран?

4

Германија регрутирала едвај 530 доброволци за воена служба

5

Фудбалерите ги преминаа сите граници

Занимливости
6

Во Битола би го викале Темнио

Канта
7

Мицкоски да не добива идеи за „Трпе“ и “Трајче“

Балканштина
8

Одиме до крај

Балканштина
1

До кога вака бе дечки?

Разно
2

Поенот вреден историја за Лина Ѓорческа која ќе игра на Вимблдон

Разно
3

Кај отиде светов бе у пм?

Навивачи
4

Прекрасен гол на Алајбеговиќ, БиХ слави мундијалска историја

Фудбал
5

Босанска хард кор прослава

Навивачи
6

Емотивен кам бек на Нејмар по 981 ден

Фудбал
7

Опасна ложа е ова

Фудбал
8

Новинар му побара покачување на газда Роналдо

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Балкански капитализам

Балканштина

Читачки ризици

Балканштина

Мицкоски да не добива идеи за „Трпе“ и “Трајче“

Македонштина

Кавадарци да намали со ракијата

Балканштина

Одиме до крај

Македонштина

Камај

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Затоа си сам

Мапа на вкусовите

Како да познаеш лузер

Граѓански преписки

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy