Антетокумпо го напушта Милвоки после 13 години
23 June 2026
- Падна веројатно најголемата размена на летото на само еден ден пред драфтот на НБА. Иконата на Милвоки Бакс, Јанис Антетокумпо ќе стане новата суперѕвезда на Мајами Хит.
- Приказната кружи со недели, а имаше и скептицизам околу тоа дали Јанис навистина ќе замине по сите неуспешни обиди во претходните недели. Но, легендарниот Пет Рајли сепак го заокружи доаѓањето на една од најголемите ѕвезди во светската кошарка во тим кој долго време плаче за таква величина во своите редови.
- Првиот човек на Мајами, претходно донесе асови како Леброн Џејмс, Шекил О'Нил, Крис Бош, Џими Батлер и Алонзо Морнинг, а сега создава моќен тандем кој ќе го сочинуваат Јанис Антетокумпо и Бам Адебајо.
- Како што објави ЕСПН, Мајами истресе сè што можеше од торбата за да ги добие услугите на Гркот. Бакс во трампата ќе добијат четири играчи: Тајлер Хир, Келел Вер, Хаиме Хакез и Каспарс Јакучионис, како и три избори од првата рунда, вклучувајќи го и овогодинешниот 13-ти избор, плус резервен избор и избор од втората рунда.