- Репрезентацијата на Иран на Светското првенство 2026 се соочи со неправичен однос од САД чии надлежни власти не им дозволија да бидат сместни во САД туку мораат од Мексико да патуваат по неколку часа со авион, да одиграат натпревар и веднаш без одложување да ги напуштат САД после дуелите.
- Сега во пресрет на дуелот со Белгија, втор за Иранците на Мундијалот по ремито 2-2 со Нов Зеланд, нивниот селектор Амир Халенои зборувал отворено за се.
- „Имаме многу проблеми особено надвор од теренот. „Им поставив прашање на 47 селектори и никој од нив не ми одговори“. Запрашан дали добиле поддршка од другите селекции, селекторот на Иран рекол: „Не, не видов такво нешто. Немаше никаква реакција од некого. Но се чини дека почесниот селектор на Белгија (Руди Гарсија) рекол (на прес-конференција) дека тука сме за политика а не за фудбал.. Дојдовме многу подоцна од сите, ни требаа две недели да се адаптираме на новото место. И на сите наши раководни лица и новинари им беше забрането да не следат. Тоа го подрива духот на фудбалот. Таквиот однос не е соодветен со Светско првенство.
- И покрај се, благодарен сум на иранскиот народ, играме за нив. Знам дека ваков однос причини голема болка на нашиот народ. Ние сме угнетена земја и се надевам дека ќе постигнеме мир а не нешто создадено вештачки“.
- Ракометниот клуб Вардар 1961 во следната сезона ќе се врати во Лигата на шампионите, дознава Гол.мк од неофицијални извори.
- Според нив, Европската ракометна федерација - ЕХФ го одбрала токму двократниот европски шампион Вардар како една од екипите кои ќе одат ранг погоре во своите натпреварувања. Така „црвено-црните“ со „вајлд-карта“ повторно конечно се враќаат во Лига на шампиони!
- Како двократен европски првак веројатно беше очекувано да биде одобрено барањето на Вардар за унапредување во Лигата на шампионите. Последен пат Вардар играше во елитното натпреварување во сезоната 2021/22, ја мина групната фаза и беше елиминиран од Веспрем во плеј-офот.
- Се очекува ЕХФ да ја потврди одлуката за доделените „вајлд-карти“ во наредните денови.
- Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, доби 30-дневен притвор од судијата на претходна постапка, а поради обвинението поднесено за него од Обвинителството за гонење на организиран криминал за наводна проневера на околу 2 милиони евра.
- Иста мерка односно притвор од најмалку 30 дена доби и Олгица Младеновска, раководителка за финансиите за време на неговиот мандат, која исто е меѓу осомничените за овој криминал.
- „Првоосомничениот, во својство на претседател на ФФМ, (се мисли на Ѓорѓиоски – н.з.) заедно и по претходен договор со осомничената раководителка на Одделението за финансии и сметководство (се мисли на Младеновска – н.з.), во периодот од 1 јануари 2015 година до 25 јули 2018 година, преку повеќе временски поврзани дејствија, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и за други лица, присвоиле парични средства доверени во службата во вкупен износ од 127.451.156 денари“, се вели во вчерашното соопштение на обвинителството.
- Обвинениет има и за Муамед Сејдини, наследникот на Ѓорѓиоски во улогата прв човек на македонскиот фудбал, кој се сомничи за проневера на околу 1 милион евра. Притвор се бара и за шест други лица опфатени со обвинението, како и мерки за претпазливост за уште четворица. Сејдини уште од порано е во притвор поради пријавата за проневера на 700.000 евра од фондот наменет за изградба на стадионот во Охрид.