30-дневен притвор за некогашниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски
19 June 2026
- Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, доби 30-дневен притвор од судијата на претходна постапка, а поради обвинението поднесено за него од Обвинителството за гонење на организиран криминал за наводна проневера на околу 2 милиони евра.
- Иста мерка односно притвор од најмалку 30 дена доби и Олгица Младеновска, раководителка за финансиите за време на неговиот мандат, која исто е меѓу осомничените за овој криминал.
- „Првоосомничениот, во својство на претседател на ФФМ, (се мисли на Ѓорѓиоски – н.з.) заедно и по претходен договор со осомничената раководителка на Одделението за финансии и сметководство (се мисли на Младеновска – н.з.), во периодот од 1 јануари 2015 година до 25 јули 2018 година, преку повеќе временски поврзани дејствија, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и за други лица, присвоиле парични средства доверени во службата во вкупен износ од 127.451.156 денари“, се вели во вчерашното соопштение на обвинителството.
- Обвинениет има и за Муамед Сејдини, наследникот на Ѓорѓиоски во улогата прв човек на македонскиот фудбал, кој се сомничи за проневера на околу 1 милион евра. Притвор се бара и за шест други лица опфатени со обвинението, како и мерки за претпазливост за уште четворица. Сејдини уште од порано е во притвор поради пријавата за проневера на 700.000 евра од фондот наменет за изградба на стадионот во Охрид.