- Како долгогодишен партнер на FIFA натпреварувањата, Gorenje и за време на FIFA World Cup 2026™ ќе биде присутен пред милиони љубители на фудбалот ширум светот.
- Gorenje има долгогодишна традиција во поддршка на најголемите меѓународни спортски настани и врвни тимови, вклучувајќи континуирано присуство во FIFA натпреварувањата и FIFA World Cup 2026™, како и претходни партнерства со UEFA EURO 2024™, EHF Европското првенство и EHF Лигата на шампиони.
- Покрај глобалните фудбалски партнерства, Gorenje дополнително го зајакнува својот бренд преку соработка со спортски амбасадор — фудбалската легенда Лука Модриќ, кој на автентичен начин ги претставува вредностите на брендот: едноставност, баланс и посветеност. Неговиот пристап совршено се вклопува во филозофијата „Life Simplified“, нагласувајќи ја важноста на домот, семејството и секојдневните моменти што создаваат најубави спомени.
- Најдобриот македонски ракометар, капитен на репрезентацијата и на Пелистер, останува меѓу зелено-белите.
- Веднаш по крајот на сезоната во домашните натпреварувања, Кузмановска прифати една интересна понуда да игра само три недели во Кувајт, во тимот на Кувајот Спорт Клуб и тоа на Азиското клупско првенство. Таму пружи одлични партии и беше еден од најдобрите.
- Битолчани прават голема реконструкција на тимот, прават шампионска екипа на чело со новиот тренер Лино Червар. Во новата сезона Пелистерци веројатно ќе играат во Лигата на Европа.
- „Капитенот останува со нас“, напишаа од Пелистер на друштвените мрежи.
- Американката Тори Пенсо ќе биде главна судијка на натпреварот Чешка - Јужна Африка од 18 часот на стадионот во Атланта. Неа ќе и помагаат Американките Брук Мајо и Кетрин Незбит кои ќе бидат крај аут линиите.
- Прва жена која судеше натпревар во машки фудбал на Светско првенство беше познатата Французинка Стефани Фрапар која делеше правда ма средбата Германија - Костарика на Мундијалот 2022 во Катар.
- Пенсо почнала да суди на 14 години а на 18 години го следела развојниот Олимписки програм за судии во Алабама.
- 39-годишната Американка во септември 2020 станала прва жена судијка на натпревар од МЛС лигата во САД после цели 20 години. Од 2021-ва е со значка на ФИФА.