- Американските служби спречиле напад со дронови и снајперисти врз боречкото шоу што претседателот Доналд Трамп го организираше во Белата куќа во неделата.
- Уапсени се пет лица. Кај осомничените се пронајдени пушки, детални мапи и шифрирани разговори за бегство и безбедно засолниште по нападот.
- „Не се ни приближија до точката на извршување“, изјави потпретседателот Џ.Д. Венс.
- Уапсениот Тајсен Пропер, 19-годишник од Охајо, го пријавила неговата мајка, загрижена откако купил огнено оружје. Признал учество во заговорот, кој наводно бил планиран за да поттикне „револуција“.
- Според него, дронови требало да исфрлат експлозив над северната страна на Белата куќа за да предизвикаат паника, а снајперисти требало да пукаат во луѓе при евакуацијата.
- Пропер посочил по име неколкумина републикански пратеници како цел на нападот, затоа што добиле донации од лобисти што го поддржуваат Израел.
- Поради новите израелски напади во јужен Либан е откажан почетокот на американско-иранските преговори за спроведување на одредбите од Меморандумот за разбирање.
- Американскиот потпретседател Џ. Д. Венс ја откажаа посетата на Женева поради „логистички причини“. Иран објави дека делегацијата останала во Техеран затоа што Израел ја прекршува одредбата од првата точка од меморандумот, за моментално прекинување на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан.
- Во израелските воздушни напади во јужен Либан во текот на ноќта биле убиени најмалку 16 лица. Бомбардирањата се опишани како најжестоки во последните недели.
- Израелски сили истакнаа дека бомбардирањето било одговор на судири со Хезболах, во кои загинале четворица израелски војници.
- На Пентагон итно му се потребни 80 милијарди долари за да ги покрие трошоците од војната во Иран и распоредувањето на трупи околу Персискиот залив.
- Заменик-министерот за одбрана Стивен Фајнберг ги предупредил конгресмените дека Пентагон нема доволно пари за воени вежби и обука планирани за ова лето.
- Кон средината на мај, Пентагон ги процени трошоците од војната на 29 милијарди долари. Сега веројатно се повисоки. Вкупната цена на војната не е позната.
- Буџетот на Пентагон за тековната фискална 2026 година е приближно 1 билион долари. Секое додавање на оваа сума мора да биде одобрено од Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа пред да стигне до Конгресот.