Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Мажите први одат

18 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6.

  • Лани починале 20.287 лица, што е за 0.4 %  повеќе отколку во претходната година.

  • Доенчиња имало 0.3 % на 100 умрени лица, покажуваат податоците за морталитетот на Државниот завод за статистика. 

  • Најмногу се умирало во јануари (2.002), а најмалку во април (1.506). 

извор

Србија: Максимални затворски казни за родителите на масовниот убиец од Рибникар

18 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Виш суд во Белград им изрече максимални затворски казни на родителите на 16-годишното момче кое пред во мај 2023 година во своето основно училиште „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и домарот на школото. Истрелал 45 куршуми од пиштол. Ранил уште пет деца и еден наставник.
  • Таткото Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и 6 месеци затвор поради „тешко дело против јавната безбедност и занемарување и злоупотреба на малолетно лице“. Мајката Милијана е осудена на 2 години и 11 месеци затвор.
  • Апелациски суд претходно ја намали на 1 година домашен притвор казната на Немања Маринковиќ, инструктор во стрелачкиот клуб во кој Владимир Кецмановиќ го водел својот син да вежба да пука.
  • Бидејќи во моментот на извршување на делото убиецот имал 13 години, според српските закони против него не може да се води кривична постапка. По приведувањето е префрлен во Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци во Белград, под затворен медицински и полициски надзор.
извор

Кругман: SpaceX е како криптото на Трамп – ќе ќарат тие што на време ќе продадат

18 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Нобеловецот Пол Кругман го споредува растот на акциите на SpaceX со манијата на купување криптовалути што ја покрена Доналд Трамп.
  • Кругман тврди дека пазарната капитализација на компанијата на Илон Маск расте поради возбудата на пазарите, а не поради фундаментални фактори.
  • „Сè за SpaceX во суштина е во возбудата. Всушност, тоа е меме-акција од 2,75 билиони долари. Единствените победници ќе бидат оние кои влегоа рано, предизвикаа пазарна возбуда и ќе излезат пред дното неизбежно да падне“, додаде Кругман.
  • Првите сигнали за шпекулативна трговија се појавија вчера, кога акциите на SpaceX паднаа за 3%, откако во претходните денови ја зголемуваа вредноста за близу 20%.
  • „На својот врв, биткоинот имаше пазарна капитализација слична на онаа на SpaceX сега. Сепак, фактот дека биткоинот е економски бескорисен за ништо друго освен за перење пари значеше дека неговите зголемени вреднувања се темелеа на верувањето дека администрацијата на Трамп ќе им дозволи на компаниите за крипто ефикасно да работат како нерегулирани банки. Како што паѓа рејтингот и политичка моќ на Трамп, така опаѓа и вредноста на биткоинот. Но, оние кои рано се вклучија во трговијата и им ги продадоа своите акции на оние што веруваат во Трамп, заработија многу пари“, објаснува Кругман.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зошто пропуштаме вакви работи?

Македонштина
2

Дуци го размонтира „инфлуенсерскиот вајб“

Разно
3

Иран е поголем пораз од Виетнам

Мислења
4

Грдата доградба на МНР

Македонштина
5

Реал Мадрид потпиша уште една ѕверка

6

Културњаци против фудбалери

Мешано
7

Гаси Сејф сити

Македонштина
8

Џабе ти имаш јак стомак ако дебил има токмак

Видео
1

Иран е поголем пораз од Виетнам

Мислења
2

Трамп не ја разбира војната што ја изгуби

Мислења
3

Како Кина ја спаси светската економија

Свет
4

САД финансирале експерименти со вируси во биолаборатории во над 30 земји

Свет
5

„Убавиот син базен“ на Трамп процвета зелено

6

Трамп и Пезешкијан потпишаа крај на војната

Свет
7

Како Шведска го преполови долгот и може ли и Македонија така?

Свет
8

Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоодржлива информација

Македонштина

Зошто пропуштаме вакви работи?

Македонштина

Грдата доградба на МНР

Македонштина

Гаси Сејф сити

Македонштина

Капиштец се расфрла со вода

Македонштина

Ќе истрпи овој народ

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Велес ја пуди короната

Битлси, заебани

За името: Ханс Лотар Штепан, екс германски амбасадор во РМ

Скопска ситуација: угоре високо - удолу длабоко

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy